Штипската фирма „Еуро Лозар“ е позитивен пример за искористување на ИПАРД 2

- Advertisement -

Штипската фирма „Еуро Лозар“ во село Лакавица е позитивен пример за искористување на средствата од ИПАРД 2 Програмата. Фирмата е одличен пример за набавка на современа машина за берење вишни. Машината ги заменува сезонските работници. Чини 50.000 евра, а преку ИПАРД 2 Програмата се финансирани 50% од средствата.

Сопственикот на фирмата „Еуро Лозар“ од Штип Гоце Митевски објасни дека новата машина за берење вишни му го скратила времето за берење, но и бројот на сезонски работници кои минатите години морал да ги ангажира. Минатата година имал потреба од над 100 сезонски работници, но оваа година, со новата машина, вклучувајќи го во бербата и неговото потесно семејство од седум луѓе, бербата завршила за само 10 дена, а собрани се над 300 тони вишни.
Митевски порача земјоделците да го модернизираат производството и да учествуваат на ИПАРД повиците

- Advertisement -

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека  до денеска се склучени 688 договори со земјоделци и фирми за искористување над 12 милиони евра од оваа Програма. Вкупно 6,2 милиона евра се за поддршка на земјоделските стопанства со механизација и други набавки, а околу 6,1 милион во мерката три, за инвестиции во преработка. За над 107 договори е во тек постапка за исплатата на средствата.

– Убеден сум дека овие 60 до 80 милиони евра што ни стојат на располагање, за разлика од ИПАРД 1 ќе бидат целосно искористени и ставени во функција на македонското земјоделство, истакна министерот..

Сподели!
- Advertisement -