13 апликации на Јавниот повик за Формирање на бизнис акцелератори за млади

- Advertisement -

Пристигнати се 13 апликации во рамки на Јавниот повик за Формирање на бизнис акцелератори за млади, прединвестициона програма и инвестиции за старт ап компании на Фондот за иновации и технолошки развој.

Според критериумите на повикот 11 апликации ја поминаа фазата на административна проверка и продолжуваат во фаза на селекција, што ја реализира Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот.
Сите апликанти доставија и изјава за сопственичката структура, која почнуваќи од овој повик станува дел од задолжителната документација која треба да се достави при аплицирање за инструментите на Фондот.

- Advertisement -

Во рамките на Инструментот за ко-финансирање на бизнис акцелератори Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува ко-финансирање до 75% од вкупниот буџет на проектот, најмногу до 500.000 евра. Преостанатиот дел од проектниот буџет го обезбедува апликантот.

Со формирање на бизнис акцелератори ќе се овозможат програми за основање и развој на старт ап компании за млади, вклучително и финансиска поддршка за развивање на брзо растечки бизниси кои ќе креираат високоплатени работни места. Преку конкретна менторска и финансиска поддршка, користејќи меѓународни искуства, младите добиваат можности кои ги имаат и во другите развиени земји.

- Advertisement -

Вкупниот износ на средства на овој јавен повик изнесува 2,25 милиони евра, обезбедени во соработка со Светската банка. Повикот беше отворен во периодот од 29 мај до 27 јули 2018г.

Процесот на селекција на апликациите се очекува да заврши до крајот на август, по што ќе бидат објавени и избраните проекти.

Сподели!
- Advertisement -