Азески: Да продолжиме да се однесуваме европски

- Advertisement -

Македонија е дел од европското семејство и сите мора да продолжиме да се однесуваме европски и покрај тоа што земјава не доби датум за старт на преговори со Европската унија – вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Според него, сите мора да продолжат да работат исто како во петокот да сме го добиле долгоочекуваниот датум. Негативната одлука не требало да биде причина за да се бараат изговори и откажувања. Македонија немала друга алтернатива, и морала да продолжи да оди по европскиот пат. Азески ги повика сите политичари во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се анимираат сите експерти и професионалци, за активно да се продолжи работата за приближување кон европските вредности и принципи.
„Овие заеднички тимови мора да продолжат непрекинато да работат без оглед на најавените избори, а ако сакаме воопшто и да помислиме на ЕУ, не смее ни да се помисли на било што друго освен спроведување на изборниот процес по највисоките европски принципи“ – пишува во соопштението на Азески.

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија се понуди да ги вклучи сите свои капацитети во преговарачкиот процес, како што тоа го направиле коморите во Словенија, Хрватска и Бугарија.

Сподели!
- Advertisement -