Во моментов, околу 1,6 милијарди тони храна одат во отпад секоја година, што претставува 1,2 милијарди долари во вредност од храна и претставува 8% од годишните глобални емисии на стакленички гасови.

- Advertisement -

И додека свеста за отпадот од храна е во пораст, глобалните обиди за справување со овој отпад се уште заостануваат. Според Шалини Уникришнан, партнер и извршен директор на „Бостон Консалтинг груп“, обидите за справување со отпадот од храна се „фрагментирани, ограничени и недоволни, со оглед на големината на проблемот”.

Всушност, проблемот ќе остане само на зборови додека земјите продолжуваат да се индустријализираат.

- Advertisement -

„Бидејќи популацијата забрзано расте во одредени индустриски делови на светот, како во Азија, потрошувачката расте многу брзо”, забележа Уникришнан.

Едно можно решение, според „Бостон консалтинг груп“, е создавање на еколошки ознаки, како оние што се наоѓаат на производи за фер трговија.

- Advertisement -

Оваа еколошка ознака ќе им овозможи на потрошувачите да знаат кои компании се посветени на намалување на отпадот и полесно ќе купуваат одговорно.

Сепак, „обемот на проблемот е оној кој ќе продолжи да расте додека развиваме решенија”, вели Уникришнан.

ОН се надева дека ќе го преполови отпадот од храната до 2030 година, но ако владите, компаниите и потрошувачите не прават значителни промени во начинот на пристапување кон храната и работат заедно има мали шанси за тоа да се случи. Според Уникришнан, тоа не е лесен проблем, ниту една земја, ниту еден ентитет не може сам да го реши целиот проблем.

Радио МОФ