Правилото на 5 часа кое го следат Бил Гејтс, Џек Ма и Илон Маск

- Advertisement -

Замислете штотуку сте влегле дома по еден напорен ден на работа. Гладни сте и истоштени, само сакате да одморите на кратко. Земате нешто да јадете и седнувате пред телевизор. По некое време се свестувате дека сте изгледале пет епизоди од некоја серија.

Toa e ОК да се случува повремено, затоа што сите имаме потреба да се опуштиме и да се исклучиме од светот, но не е здрава навика. Токму затоа најуспешните луѓе во светот слободното време го трошат на учење. Ова не е и некоја новина. Во текот на една петгодишна студија во која учествувале 200 милионери кои сами го заработиле богатството, Томас Корли открил дека тие не сакаат да гледаат ТВ. Наместо тоа, импресивни 86% од нив рекле дека читаат, но не само за забава – 63% од нив слушаат аудиокниги наутро додека патуваат на работа.

- Advertisement -

Како што велат експертите за продуктивност, не е тајна дека успешните луѓе читаат – просечниот милионер чита по две или повеќе книги месечно, читаат блогови, вести, фикција итн. за да стекнат повеќе знаење. Сега веројатно си мислите: кој има време да седне и да чита? Помеѓу работата и семејството, речиси е невозможно да се најде слободно време. Но, кога Барак Обама наоѓал време да чита додека бил во Белата куќа, кој е вашиот изговор? Претседателот Обама не е единствениот кој својот успех го должи на читањето. Бил Гејтс, Ворен Бафет, Опра Винфри, Илон Маск, Марк Кубан и Џек Ма исто така многу читаат. Како наоѓаат време да читаат секој ден? Така што се придржуваат до правилото на 5 часа.

- Advertisement -

Ова правило го смислил Мајкл Симонс, основач на Empact. Концептот е многу едноставен: без разлика колку се зафатени успешните луѓе, тие секогаш наоѓаат еден час во денот или вкупно пет часа неделно за активности кои се нивна слободна желба или за учење. Симонс овој феномен го врзува за Бенџамен Френклин. Френклин секој ден еден час посветувал на учење. Тој најчесто се будел рано и читал или пишувал. Си задавал лични цели и ги следел резултатите. Во духот на денешните клубови по читалните, тој формирал клуб за уметници и трговци со слични ставови кои сакате да се подобрат себеси додека истовремено го подобрувале општеството.

Денешните успешни лидери го имаат прифатено неговото правило така што го делат на три основни точки. Прва е читањето. Милионерите како Марк Кубан и Ден Гилберт читаат од еден до три часа дневно. Илон Маск научил како да прави ракети од книгите што ги читал. Џек Ма вели дека читањето може да ви даде добра основа. Дури и ако не можете одеднаш да почнете да читате по еден час дневно, читајте барем 20-30 минути.

- Advertisement -

Втората точка е размислување. Честопати ова правило на 5 часа вклучува размислување и анализирање. Тоа може да биде со зјапање во некој бел ѕид или запишување на сите мисли кои ви доаѓаат. Фокусирањето на минатото ви дава шанса да научите од своите грешки и добро да процените што сте направиле погрешно. Ако ви е тешко да издвоите време само за мислење, испланирајте го тоа време однапред. Почнете со 5-10 минути дневно и потоа зголемувајте го времето.

Последната точка е експериментирање. Бенџамин Френклин и Томас Едисон станале познати иноватори поради своите експерименти. Денес ние го имаме Gmail затоа што Google им дозволил на вработените да експериментираат со своите идеи. Причината поради која експериментите се корисни е затоа што се базираат на факти, а не на претпоставки. Тие ви покажуваат што функционира, учите од своите грешки и добивате фидбек од други.

Сподели!
- Advertisement -