Научници од Универзитетот Британска Колумбија веруваат дека шронашле начин за претворање на крвната група А во универзалната група нулта, што е потребно само кај итни трансфузии. Тие лабораториски тестирале ензини кои ги создаваат цревните бактерии и со нив ефикасно ја трансформирале крвната група А во крвната група нулта.
Тие најавуваат дека клиничките истражувања ви можеле да почнат наскоро, пренесува Klix.ba. Појаснуваат дека со помош на ензимите од цревните бактерии успеале да ги отстранат антигените од површината на еритроцитите или црвените крвни клетки, кои се присутни кај крвната група А, а ги нема кај крвната група нулта.
Нивното отстранување е многу битно затоа што антигените можат да предизвикаат кобна имуна реакција ако се воведат во организам кој ја нема истата крвна група. Тоа значи дека имуниот систем на примателот на крв ќе помисли дека давателот со крвна група А има крвна група нулта и нема да ја нападне.
Во вонредни и итни случаи често има малку време за проверка на крвната група на пациентите за кои итно е потребна крв, поради што службите за трансфузија мора да имаат доволна количина крв од нулта група, напоменуваат научните портали.