Twitter лансираше своја верзија на аудио соба за разговори

- Advertisement -

Апликацијата за аудиочет Clubhouse доби многу приврзаници откако почна да ја користи Илон маск, но Clubhouse е достапна само за корисниците на iOS, и тоа за тие што имаат среќа да добијат покана. Токму тоа одлучи да го искористи Twitter и ја лансираше својата нова опција Twitter Spaces, и тоа најпрвин на Android. Станува збор за нова опција во апликацијата на Twitter, која ги нуди истите опции како Clubhouse – организација на „соби“ во кои се водат аудио чет.

Корисниците на Twitter така можат директно од својот паметен телефон да отворат сопствена соба и да повикаат други корисници на разговор или дури и да се придружат во други соби и разговори.

- Advertisement -

За стартување на оваа можност доволно е да се притисне копчето Create a Tweet во апликацијата и од листата да се избере Spaces. Корисниците можат да изберат до 10 учесници кои ќе бидат повикани на разговор во соба. Организаторот е тој што може да одобри риклучување со собата, но тој одредува и кој од учесниците може да зборува.

Корисниците можат да изберат дали сакаат да зачуваат снимка од разговорот или да преземат транскрипт од разговорот, кој моментално е достапен само на англиски јазик.

- Advertisement -

Предноста на Twitter Spaces е тоа што ги има истите можности како Clubhouse, но притоа не мора да се инсталира нова апликација или да се регистрира кориснички профил. Ако сакате да ја испробате Spaces, а не ја гледате таа опција на својата Twitter апликација, проверете дали ви е ажурирана и дали ја користите последнста верзија од оперативниот систем Android, како и дали сте вклучени во програмата за бета тестирање. Во спротивно, ќе мора да почекате да стане достапна за сите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -