Нов тип хакерски напади може да користат туѓи смартфони за „копање” криптовалути. Тоа хакирање се нарекува „криптоџекинг” (упад во туѓ систем заради бизнис со криптовалути), и меѓу другото, предизвикува бавна работа на телефонот и побрзо трошење на батеријата, нагласуваат познавачите
Се преку „малвер“ (штетен софтвер), којшто „се крие” во игри и други мобилни апликации.
Таканареченото „копање” криптовалути е математички процес, со чија помош се обработуваат и заверуваат трансакции со определена валута. Во замена на таа заверка, „копачот” добива одредена сума од посакуваната криптовалута. Процесот сепак изискува големо количество електроенергија, и налага користење специјални апарати.
Така, можноста хакерите да „крадат” ресурси од туѓи машини, е поевтина. Тоа се изведува преку „малвер“-от кој го користи процесорот на заразениот смартфон.
– Се повеќе апликации за мобилни последнава година содржат т.н. „тројански коњи”, коишто се користат за „копање” криптовалути. Процесорната моќ на мобилните уреди, за секој одделно, е мала, но повеќе од нив заедно, претставуваат многу поголем потенцијал, изјави Дејвид Ем.
Компанијата за безбедност на податоците, ЕСЕТ ја откриле штетната програма во популарната игра „Bug Smasher“, што се наоѓа на Гугл Плеј Стор платформата.
Овластен застапник на Kaspersky за Македонија е Кабтел.
(МИА)