Општина Аеродром успешно ги имплементираше новите барања и целосно ја спроведе транзицијата од стандардот ISO 9001:2009 во стандардот ISO 9001:2015, со што станува првата општина во Македонија општина во државата која воведе ISO стандард.
„Тоа во практичното работење значи строго почитување на законите и актите на локалната самоуправа, поголема одговорност и отчет пред граѓаните и активно вклучување на администрацијата во унапредувањето на Општината“ се вели во денешното соопштение од Општината.
Имплементирањето на ISO стандардот во работењето на Општина Аеродром, посочуваат оттаму, овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, како и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.