Берлин станува центар на технолошкиот свет – еве што можеме да очекуваме на саемот IFA

- Advertisement -

Уште неколку дена останаа до отворањето на големиот технолошки саем IFA, кој своите врати за прв пат ги отвори во 1924 година и со повремени паузи и понатаму привлекува бројни вљубеници во технологијата. Иако на него нема големи новитет какви што можеме да очекуваме на CES и Mobile World Congress, големите технолошки компании подготвија бројни изненадувања и нови производи кои може да го обележат крајот на годинава.

Официјално, нема премногу информации за тоа што можеме да очекуваме да видиме од 31 август во Берлин, но благодарение на гласините кои кружат на Интернет последниве денови, најголем дел од новините ни се познати. Се чини дека најмногу новитети ќе имаат мобилните компании, а најголемо внимание ќе биде насочено кон вториот најголем производител во светот – Huawei.

- Advertisement -

Додека дел од медиумите се надеваат дека ќе видат нови верзии на телефонот Mate, од Android Authortiy веруваат дека компанијата ќе претстави нова мобилна платформа Kirin 980, која би работела на моделот Mate 20, додека лансирањето на самиот уред, односно трите верзии Mate 20, Mate 20 Lite и Mate 20 Pro можеби ќе останат за друга пригода. Исто така, од компанијата претходно годинава споменуваа и нова верзија на паметен часовник, која ќе ја претстават до крајот на годината и тоа може да биде токму на овој саем, пишува Zimo.

Интересно ќе биде и на птандот на BlackBerry, од кој се очекува поевтина верзија на моделот Key 2, која ќе има послаб хардвер и пластично куќиште и треба да пги првилече љубителите на хардверски тастатури. LG минатата година на саемот  IFA го претстави моделот V30, а според гласините, неговиот наследник можеме да го очекуваме да биде претставен на крајот на неделава во Берлин. Од Sony очекуваме нова генерација на телефоните Xperia XZ – XZ3 и можеби XZ3 Compact.

- Advertisement -

Иако е малку веројатно, постои можност на IFA да го видиме и најјакиот телефон од новите модели на Nokiа досега, моделот 9, кој според гласините би требало да им конкурира на најјаките уреди на пазарот. Што се однесува на останатите уреди, освен споменатиот паметен часовник на Huawei и потенцијалните два часовници на LG, нема други гласини затоа што големите компании како Samsung и Fitbit неодамна ги претставија своите нови уреди, додека Apple и Google своите часовници ќе ги претстават во септември, односно октомври.

Секако, можеме да очекуваме и бројни модели на нови телевизори. Посебно внимание ќе привлече Samsung 8K QLED TV и 175-инчниот MicroLED TV на LG, како и паметните, односно конектираните куѓни апарати. Од останатите занимливости на Engadget нагласуваат и нови модели на безжични слушалки, нови паметни звучници, а љубителите на Google Chromebook се надеваат на нови модели на компјутерите кои наводно ги подготвуваат Asus и Acer.

Сподели!
- Advertisement -