Кучињата во Велика Британија ќе се обучуваат да откриваат рак на цревата кај луѓето

- Advertisement -

Кучињата во Велика Британија поминуваат обуки со цел кај луѓето да можат да откриваат рак на црева. Дел од британското медицинско истражување е оваа обука. Во текот на тригодишната обука во Hull and East Yorkshire Hospital Trust кучињата ќе се обучуваат да прават разлика меѓу урината на здрав и болен човек. Имено, тие во текот на обуката ќе душкаат примероци на урина од 2.000 здрави и болни пациенти за да стекнат способност да ја откриваат болеста.

Кучињата се познати по силниот осет за мирис со кој можат да откријат траги од нешто, а во овој случај би можеле да откријат мирис кој го произведува ракот во цревата. Тие можат да откријат мали концентрации на мирисот, а во претходните истражувања откриле рак дури во 93% од случаите, пишува Klix.ba.

- Advertisement -

Истражувачите се надеваат дека новиот метод ќе ја зголеми можноста за рано откривање на болеста и ќе ја намали потребата за инвазивни процедури. Методите кои моментално се користат за преглед и рано откривање на ракот на црева се базираат на тоа луѓето сами да ги следат промените на цревата.

Сподели!
- Advertisement -