Фејсбук развива гласовен асистент. Се вика „Алоха“!

- Advertisement -

Фејсбук развива свој гласовен асистент, со кодно име „Алоха“. Услугата ќе биде комбинација на видео-чат и гласовен асистент со вештачка интелигенција.

Откритието се должи на девелоперот Џејн Вонг, која пронајде рана верзија на корисничкиот интерфејс во кодот на Фејсбук апликацијата за Андроид.

- Advertisement -

Во моментов функционира само релативно едноставен интерфејс и елементарно гласовно препознавање, но асистентот изгледа ветувачки. Можеби ќе го видиме како дел од хардверски уред, слично на „Еко“ и „Хоум“ производите на Амазон и Гугл – освен ако Фејсбук нема намера да го остави проектот на чисто софтверско ниво.

Се очекува социјалната мрежа да излезе со новиот производ пред Божиќните празници.

Сподели!
- Advertisement -