11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Европа официјално има повеќе од 1 милион електрични автомобили

Kabtel desktop

Повеќе од 1 милион електрични автомобили сега може да се видат по улиците во Европа благодарение на порастот на продажбата во првата половина од годинава. Европа го достигна овој зацртан праг многу побрзо отколку САД, која веројатно ќе ја достигне таа бројка подоцна годинава. Европа и САД долго време заостануваа зад Кина, која прагот од 1 милион електрични автомобили го достигна уште во 2017 година, но сепак достигнувањето на Европа не е мало.

 

Во првата половина од годинава во Европа се продадени 195.000 електрични автомобили, што е пораст од 42% во споредба со минатата година. Во оваа бројка се вклучени и електричните автомобили кои се продадени во земјите од Европската унија, како и во Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија и Норвешка. Норвешка и понатаму е на чело по бројот на продадени електрични автомобили.

Аналитичката куќа EV-Volumes проценува дека европската продажба на електрични возила ќе достигне 1,35 милиони до крајот на годинава. Во бројката се вклучени и целосно електричните возила и хибридните модели. Лидерите во индустријата се оптимистични дека бројката на електрични возила по патиштата допрва ќе се зголемува, иако засега хибридите имаат пазарен удел од само 2%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •