Било да сте се школувале во Америка или во Европа, било да сте учеле во скапо приватно или јавно училиште, прилично се големи шансите дека училишниот ден ви бил организиран речиси исто. Денот бил поделен на неколку кратки училишни часови со различно организирани предмети.
Науката вели дека постои еден мал проблем со ваквиот начин на организација на едукацијата – тој ги присилува училиштата да се оттргнат од методите кои докажано помагаат за поквалитетно и побрзо учење.
Според истражувањата, ако сакате да го имплементирате наставниот материјал, најдобар начин за учење е преку таканаречена “дистрибуирана пракса“. Тоа значи дека ако сакате да совладате некој нов материјал, најдобро е да учите краток период, да направите пауза и повторно да учите краток период. На ваков начин се засилува интензитетот на учење и се зајакнуваат мозочните клетки да работат поефикасно.
Но, додека истражувањата покажуваат дека тоа е еден од најпрактичните начини на учење, тоа не значи дека мора нужно да се воведе во сите школи. Креативните наставници би можеле да работат на воведување стратегија на учење во својот наставен план или да осмислат некоја своја за да им помогнат на учениците да ги развијат своите таленти и да ги совладаат лекциите.
Според Џон Данлоски од Кент Стејт, кој го водеше тимот од психолози кои прегледаа различни методи на учење, многу наставници не се свесни за предностите на „дистрибуирана пракса“ и други техники кои помагаат за побрзо совладување на лекциите и усвојување на знаењето.
„Шокиран сум колку овие стратегии во голема мeрка се занемарени во учебниците за психологија, а наставниците по психологија не разбираа како се користат тие методи во текот на наставата“, вели Данлоски.
Иако вие и вашите деца веројатно нема да го користите тој начин на учење, тоа не значи дека не можете себеси да си направите услуга и да си ја олесните самоедукацијата. Помина времето кога се учеше на начин кој се форсира и денес.
„Останав шокиран од тоа што учениците и студентите се фокусираат на повторно читање и учење напамет, со што си ја скратуваат можноста за максимално усвојување на знаењето и совладување на лекциите“ објасни Данлоски.