Еколошко лидерство, одржлив развој и климатски промени се главните теми на „Кампот за климатски промени“, кој се одржува во Охрид, во организација на невладината организација „Go Green“ („Го грин“). Во активностите што се одржуваат во рамките на кампот, триесетина млади учесници работеа на обука и усовршување на своите вештини и знаења, како и запознавање со најновите светски трендови од областа на екологијата.
„Заштита на животната средина не е само прашање на волја за приклучување кон одредени акции, туку систем од континуирани и целисходни акции за што е потребно знаење. Само со системска акција и создавање на модели кои ќе гарантираат заштита на животната средина можеме да зборуваме за подобра и почиста околина за сите. Токму тоа е цел на овој капм и на сите други наши активности што ги правиме во континуитет и ќе продолжиме во следниот период. Поддршката во овие процеси е драгоцена и само преку заедничко залагање ќе имаме напредок, што ќе биде во интерес на сите нас“, истакна Антонио Јовановски од „Go Green“
Летниот „Камп за климатски промени“ во организација на „Go Green“ е дел од долгогодишната соработка со Цементарница УСЈЕ, која како дел од својата општествена одговорност континуирано поддржува проекти за заштита и унапредување на животната средина, како и едукација на различни полиња.
„Искрената заложба на младите луѓе да помогнат во заштита на животната средина е само дополнителен поттик за да ја интензивираме нашате поддршка за ваквите иницијативи и да придонесеме кон поголема едукација на младите. Продолжуваме во таа насока и во следниот период“, истакнаа од Усје.
Од почетокот на годината, УСЈЕ даде свој придонес и поддршка и на неколку други реализирани проекти, меѓу кои се „Отворен ден во УСЈЕ“, традиционалната „Младинска конференција за целите за одржлив развој на Обединетите Нации“, како и панел дискусијата по повод Европската недела на одржлива енергија.
Од декември 2008 година, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, во 2014 година, Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со А–Интегрираната Еколошката дозвола, а продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина.