Овој јавен тоалет се појавува само ноќе, а дење се сокрива под земја

- Advertisement -

Ова е Urilift Combi. Urilift е тоалет кој „изникнува“ од земја, а е поставен во Амстердам, Холандија. Бидејќи ноќе нема многу отворени јавни тоалети, па што можете да правите кога ќе го слушнете повикот на природата? Да се скриете во најблиската грмушка и да ризикувате да ве фати некој или да уринирате на тротоар?

Секако дека не. Кога сте излезени толку доцна што ги затвориле и кафулињата и растораните, а домот ви се чини далеку и нема да издржите, можете да го искористите Urilift Combi. Овој тоалет се појавува ноќе и се сокрива. Еден Urilift се состои од еден женски и два машки тоалети, како и дел каде што можете да си ги измиете рацете.

- Advertisement -

Тоалетот се појавува кога ќе се создаде гужва по улиците, а се повлекува кога веќе нема потреба од него. Толку добро е вклопен во околината што дење никој нема да забележи дека има нешто под земја и не го попречува ниту сообраќајот ниту им пречи на пешаците.

Urilift Combi има за цел да го реши проблемот со уринирањето на јавни места.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -