Технолошко-металуршкиот факултет организира меѓународен настан за современи материјали и технологии

- Advertisement -

Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”  во Скопје, во периодот од 2-7 септември 2018 година ќе биде домаќин и организатор на II-та SARCOS COST Action – RILEM школата за обука на докторанди (2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School), со наслов: ,,Современи материјали и технологии базирани на неоргански врзива“(“Advanced materials and technologies based on inorganic binders”), каде проф. д-р Емилија Фиданчевска е дел од целокупната организација на Школата.

Школата за обука ќе се реализира на две локации:  Скопје ( 2-5 септември) и Охрид (6-7 Септември) 2018 година и тоа во рамки на COST Акцијата: CA15202 – Self-healing as prevention repair of concrete structures – SARCOS (Самозалекување како превенција за поправка на бетонски структури).

- Advertisement -

Сите потребни информации за реализација на Школата се поставени на веб страната на Универзитетот во Кембриџ, Англија, на следниот линк: https://www.sarcos.eng.cam.ac.uk/activities/trainingschools/FYRMacedoniaTS2018/MacedoniaFYR2018.

Школата за обука на докторанди доби научна поддршка и од RILEM (International Union of Experts in Construction Materials, Systems and Structures) и притоа организацијата е влезена во годишниот календар на настани, кои се реализираат во рамки на оваа интернационална организација: https://www.rilem.net/agenda. Секој учесник – докторанд во оваа школа ќе добие тригодишно членство во оваа организација.

- Advertisement -

Носител на активностите за 2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School е Технолошко-металуршкиот факултет, а формирана е мрежа од домашни институции, кои ќе учествуваат во нејзината реализација: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии  „Скопје ” АД Скопје (ЗАМ), Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација и КНАУФ  – Радика.

Одобрено е учество на 45 студенти од 15 земји, а во реализација на теоретскиот дел од школата ќе учествуваат четири професори од европските Универзитети (Ghent University – Белгија;  Politecnico di Milano – Италија; Technical University of Denmark – Данска; Delft University of Technology – Холандија), два професори од Израел (Technion – Israel Insti­tute of Technolo­gy, Хаифа и University of Negev, Beer-Sheva), еден професор од Србија од Универзитетот од Нови Сад и два професори од нашиот универзитет.

- Advertisement -

Учесниците на Школата за обука на докторанди со своите научни презентации (постер презентации и дискусии) ќе влезат во натпревар, кој ќе биде оценуван од страна на професорите-учесници. Притоа предвидено е доделување на два вида награди, и тоа за техничка содржина и технички формат (Technical content и Technical format), распределени по три награди во двете категории (златна, сребрена и бронзена). Воедно и самите учесници ќе можат самите да го изберат најдобриот постер од сите ученици, во форма на награда од учесниците т.е. Trainee prize.

Школата за обука опфаќа теоретски дел (кој ќе се реализира на Технолошко-металуршкиот факултет), експериментален дел (кој ќе се реализира во лабораториите на институциите: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии  „Скопје ” АД Скопје и Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација) и теренска настава (која ќе се реализира преку посета на рудникот и фабриката за гипс на КНАУФ – Радика во Дебар).

Школата за обука ќе заврши со евалуација на учесниците, пришто учесниците добиваат 5 кредити (ЕКТС), а ќе биде реализирана во Конгресниот Центар на УКИМ во Охрид.

Сподели!
- Advertisement -