Sony ја претстави најбрзата SD картичка во светот

- Advertisement -

Sony ја претстави својата најнова иновација на полето на складирање податоци – UHS-II SD картичката од новата серија SF-G TOUGH, која комбинира најголема брзина на читање и впишување податоци во светот. Новата картичка  има исклучително отпорен дизајн, кој трпи свиткување од 180N и пад од 5 метри висина, а отпорна е и на вода и прашина.

Новата серија SF-G TOUGH картички е 18 пати поцврста од стандардната – обичната SD картичка може да издржи притисок од 10N, додека новата од 180N. Оваа картичка е првата со монолитна структура во светот, односно направена од само еден дел без празни простори и има висок степен на цврстина на материјалот. Новата картичка е заштитена од типичните физички оштетувања како кршење на кучиштето, кршење на бравата за заштита на податоци или ребрата од конекторот. Воедно, ова е и првата картичка во светот без ребра и без заштитен прекинувач за впишување податоци, поради што е отпорна на свиткување.

- Advertisement -

Sony ја проектираше оваа серија со целосно запечатена едноделна структура – ниедна капка вода, прашина или друга нечистотија не може да влезе во картичката, пто го исполнува највисокиот степен на водоотпорност (IPX8) и отпорност на прашина (IP6X).

Бидејчи професионалните фотографи се почерто користат SD картички, тие имаат потреба од нешто издржливо и квалитетно. Со најголема брзина на впишување податоци во светот од 299MB/s, фотографите можат да прават голем број кадри во секунда и да ја фатат секоја фотографија која ќе посакаат.

Сподели!
- Advertisement -