Сасмунг ја истакнува својата визија за производи и услуги од следната ера на поврзано живеење овозможени од вештачка интелигенција, “Интернет на Нештата“ и 5Г мрежа
Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd) денес во рамки на Саемот за потрошувачка електроника – ИФА (Internationale Funkausstellung Berlin) во Берлин одржа прес-конференција на која ја нагласи својата заложба за развој на нови откритија – продукти и услуги кои ќе ја обликуваат новата ера на современото живеење. Самсунг покажа дека технологиите кои се напојуваат со вештачка интелигенција (AI) и “Интернет на Нештата“ (IoT), можат да овозможат поголеми погодности во животите на луѓето со елиминирање на комплексноста за збогатување на секојдневното искуство, притоа овозможувајќи ниво на безбедност кое ги прави корисниците спокојни.
„Самсунг е целосно посветен да им обезбеди на потрошувачите врвни производи и услуги кои ги обединуваат вештачката интелигенција и “ИоТ“ базирани на нашиот широк спектар на телевизори, екрани, апарати за домаќинство и мобилни уреди. Се стремиме да ја обликуваме новата ера на поврзано живеење во чии рамки нашите производи и услуги ‘комуницираат’ беспрекорно со цел да го направат животот на нашите потрошувачи побогат, попаметен и позабавен.“- изјави ХС Ким (HS Kim), Претседател и Извршен Директор на Дивизијата за Потрошувачка Електроника во Компанијата Самсунг Електроникс.
На прагот на иднината
Самсунг е подготвен да ја отклучи моќта на вештачката интелигенција и 5Г мрежата за корисниците преку инвестициите од повеќе милијарди долари најавени во изминативе месеци, со цел да обезбеди континуирана интеграција на напредокот на хардверските и софтверските решенија и услуги. Со новите истражувачки центри со вештачка интелигенција воспоставени ширум светот, вклучувајќи ја и неодамна отворената во Кембриџ, Велика Британија, Самсунг очекува околу 1.000 реномирани истражувачи од областа на вештачката интелигенција да работат во овие капацитети на глобално ниво до 2020 година. Истражувачите ќе работат на дизајнирање и развивање на кориснички-центрична вештачка интелигенција за подобрување на животот на корисниците на сè поинтелигентен, корисен и персонализиран начин.
Мрежната инфраструктура од следната генерација е предуслов за новата ера на поврзано живеење. Преку својата активна улога во воспоставувањето на 5Г индустриски стандарди, Самсунг ја предводи спроведувањето на мрежи од следната генерација, а подоцна оваа година ќе учествува во претставувањето на првиот и предвидува оваа година да го воведе првиот во светот 5Г домашен гигабитен бродбенд сервис (“5G“ фиксен безжичен пристап) во САД.
Нова граница за квалитет на слика со 8К резолуција
Самсунг и понатаму е револуционер кога станува збор индустријата со екрани во рамки на ИФА 2018 со претставувањето на новиот “Q900R QLED 8K“ ТВ екран дополнет со 8К зголемување на резолуцијата преку вештачка интелигенција. Достапен во четири ултра-големи различни димензии на екранот (65”, 75”, 82” и 85”), Самсунг QLED 8K телевизорот ќе има неколку 8К подобрувања, вклучувајќи QLR8K, Real 8К резолуција и 8К квантум процесор, сите создадени за да донесат поголем 8К- квалитет на самата слика.
Резолуцијата Real 8K може да произведе 4000 нити врвна осветленост – стандард кој го исполнуваат поголемиот дел од филмските студија. QHDR 8К овозможен од HDR 10+ обезбедува совршена експресија на бои кои ја прават сликата реална. Q900R 8K AI технологијата за зголемување на резолуцијата и квалитетот на звукот е дизајнирана за да го конвертира квалитетот на сликата и звукот во премиум 8К квалитет, без оглед на квалитетот или форматот на оригиналниот извор.
Самсунг исто така го претстави и “The Wall” – модерен Микро ЛЕД екран дизајниран за компании и употреба надвор од домот. Со технологија за самостојно емитирање на екранот и модуларен дизајн, овој екран е целосно прилагодлив за да им овозможи на корисниците слобода да одлучуваат како да го вклопат во нивниот простор.
Покрај тоа, компанијата Самсунг го претстави и новиот 49-инчен модел од линијата “The Frame“ збогатен со функција за едноставно откривање овозможувајќи им на корисниците едноставен пристап до специјално куратирани уметнички дела кои може да бидат прикажани на екранот без притоа да мора да пребаруваат низ стотиците опции. Воедно, продавницата за уметнички дела за овој модел на екран продолжува да ја проширува својата понуда, со повеќе од 850 дела од некои од најреномираните уметнички институции, меѓу кои Државниот Музеј во Берлин (Berlin State Museum), Музејот “Викторија и Алберт“ (Victoria & Albert Museum) и “Тат“ (Tate).
Квалитетот на звук и понатаму е врвен приоритет, а доказ за тоа се “HW-N950“ и “HW-N850“ премиум Самсунг модели саундбар озвучување со Харман Кардон (Harman Kardon) звучници. Ова е доказ за посветеноста на квалитетот на звукот кој и понатаму е приоритет и кај овие два модели кои поддржуваат Долби Атмос (Dolby Atmos) и ДТС:Х (DTS:X) технологија.
Апарати за домаќинство полни со нови идеи
Во современиот живот се повеќе се вклучени динамичните технологии кои имаат повеќенаменска улога во домовите на потрошувачите. Во согласност со овој трент, кујната станува централно место во домот, а апаратите во домаќинството ја превземаат улогата на интелигентни помошници. Луѓето сакаат да го трансформираат својот живот во домот како никогаш досега. Со желба да се одговори на потребите на потрошувачите и да се создаде нов стил на живот, компанијата Самсунг креираше комплетен асортиман на најсовремени решенија за вештачка интелигенција и “ИоТ“.
“Family Hub“ фрижидерот им овозможува на корисниците чувство на поврзаност преку уникатното искуство кое го прави престојот во кујната уште поудобен и поисполнувачки. Со користење на големиот екран осетлив на добир како контролен панел, овој фрижидер на едноставен начин ги контролира поврзаните уреди, вклучувајќи ги и уредите од други производителии. Преку Бигзби (Bixby) и Гласовна Идентификација (Voice ID), корисникот моментално ја добива персонализираната информација која му е потребна, додека пак Планерот на оброци (Meal Planner) им помага на потрошувачите да ги планираат оброците согласно препораланите рецепти кои највеќе им одговараат.
Шпоретот “Dual Cook Flex“ притигнува со поголема ефикасност во готвењето која им овозможува на корисниците да ги исполнат различните потреби и желби во врска со исхраната. Флексибилната врата и двојната функција за готвење овозможуваат на ефикасен начин да се излезе в пресрет на потребите на секој член од семејството. Водичот за готвење дава препораки кој дел од рерната да се користи базирано на состојките на оброкот и видот и начинот на готвење кои се потребни.
Револуционерната машина за перење алишта – “Quick Drive“ го промени животот на луѓето на подобро. “Quick Drive“ ги пере алиштата за двојно помалку време од вообичаеното траење на програмот, без отстапки во квалитетот и притоа штедејќи време. Покрај ова, грижата за алиштата која ја овозможуваат технологијата со вештачка интелигенција и “Кју“-ротор системот служат како персонализиран и интелигентен асистент, додека Планерот за Перење на Алишта (Laundry Planner) го сведува времето потрошено на перење на минимум, овозможувајќи му на корисникот да го започнат и прекинат перењето согласно нивниот распоред.
Нова генерација мобилно искуство
На ИФА саемот Самсунг го покажа и својот најмоќен смартфон досега – Галакси Ноут9 (Galaxy Note9). Претставен на почетокот на овој месец во Њу Јорк, Галакси Ноут9 е креиран за корисниците кои го сакаат најдоброто од најдоброто. Достапен е во две верзии со мемориски капацитет од 128, односно од 512 гигабајти, со можност за проширување на меморијата до еден терабајт со помош на микроСД картичка. Батерискиот капацитет од 4.000mAh им овозможува на корисниците да разговараат, да се допишуваат и да играат игри без да се грижат дали во текот на денот треба да ја дополнат батеријата. Со помош на интелигентната камера корисниците секогаш може да креираат совршени фотографии.
“С“ Пенкалото – препознатливиот дел на Ноут серијата, сега овозможува потполно нов начин на користење на Галакси Ноут9, преку револуционерната функција која пенкалото ја содржи со користење на Блутут (Bluetooth) технологија. Вака надграденото “С“ Пенкало се претвора во далечински управувач за телефон и со еден едноставен клик на него корисниците може да направат “селфи“ фотографија, да упрвуваат со приказ на презентација и видео записи дури и кога телефонот се наоѓа на оддалеченост од 10 метри.
Произведен во согласност со премиум професионалните препораки, Галакси Ноут9 исто така е компатибилен и со новиот и подобрен Самсунг Декс (Samsung DeX) уред. Со едноставно поврзување на екранот преку “HDMI“ адаптер, Галакси Ноут се трансформира и овозможува искуство слично на она кое го овозможуваат персоналните компјутери. Покрај тоа, Ноут9 овозможува максимална продуктивност без нарушување на безбедноста, со најсоодветна конфигурација и карактеристики за распоредување и управување кои моментално се достапни на пазарот благодарение на Самсунг Нокс (Samsung Knox) платформата.
На ИФА саемот исто така беше прикажан и новиот Галакси Рачен Часовник (Galaxy Watch) – комбинација од традиционалните рачни часовнци и паметната технологија. Овој рачен часовник пристигнува со подобрена технологија за работа на батеријата која трае и до неколку денови по полнењето. Со помош на додатокот за ЛТЕ поврзаност, корисниците може да останат поврзани со својот паметен телефон без претходно поврзување. Во согласност со потребите на потрошувачите да водат здрав живот, Галакси часовникот во себе има вграден уред за следење на управувањето со стресот, монитор за следење на работата на срцето и на квалитетот на сонот, како и вежби за дишење кои им помагаат на корисниците да останат фокусирани.
Штандот на компанијата Самсунг Електроникс ќе биде поставен на ниво 2, “City Cube Berlin“ од 31. Август (петок) до 5. Септември (среда), 2018 година.