Панасоник го сели седиштето од Лондон во Амстредам

- Advertisement -

Јапонската компанија Панасоник планира во октомври да го пресели европското седиште од Лондон во Амстредам, поттикнат од скорешниот излез на Велика Британија од Европската унија(ЕУ).

Компанијата сака да ги избегне проблемите со одданочувањето што би можело да ги донесе одлуката на Британија за излез од ЕУ.

- Advertisement -

Јапонија би можела да почне да ја третира Британија како даночно засолниште ако Лондон ја намали даночната стапка за компаниите, рече Лорен Абади, извршен директор на Панасоник Европа.

Во Амстердам ќе се преселат од 20 до 30 вработени во лондонската канцеларија на „Панасоник“, кои се занимаваат со ревизија и финансиски операции, а оние што се одговорни за односите со инвеститорите ќе останат во Лондон.

Сподели!
- Advertisement -