Патувај на Малдивите со Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard

- Advertisement -

Патување за двајца на Малдивите, MacBook и iPhone 8plus се главните награди на наградната игра „STBBT MASTER MANIA“ што ја организираат Стопанска Банка а.д. Битола и Mastercard. Наградната игра ќе трае до 31 декември годинава, а во неа може да учествуваат сите постоечки, како и новите корисници на Mastercard Credit и Mastercard Debit од Стопанка Банка а.д. Битола, кои ќе извадат вакви картички до крајот на годината.

Директорката на Секторот за процесирање, Јасмина Диневска, вели дека „STBBT MASTER MANIA“ е можност за банката да покаже дека се грижи за своите лојални корисници.

- Advertisement -

„Нашата соработка со потрошувачите е двонасочна и сакавме тоа и да го покажеме со наградна игра која, пред се, е осмислена за нашите лојални корисници и се разбира, и за оние кои сакаат да се придружат на нашето семејство. Како домашна банка, сакаме да покажеме дека ги цениме нашите потрошувачи и одбравме награден фонд што сметаме дека е интересен за сите. Супер атрактивна локација за одмор од сништата, а тоа е Малдиви, како и атрактивните MacBook и iPhone 8plus. Ако се земе предвид дека Mastercard картичките се меѓу најатрактивните платежни картички меѓу населението, имаме одлична соработка со нив и сметаме дека со тоа расте и бројот на корисници кои може да се вклучат во играта, односно, очекуваме голем интерес за ‘STBBT MASTER MANIA’“, вели директорката на Секторот за процесирање Диневска.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 4 јануари 2019 година, а ќе учествуваат оние корисници на Mastercard Credit и Mastercard Debit од Стопанка Банка а.д. Битола кои до полноќ на 31 декември годинава ќе реализираат најмалку 5 трансакции со по минимална сума од 1.000 денари, односно најмалку пет пати ќе платат со картичка износи од минимум 1.000 денари.

- Advertisement -

„Главниот услов за учество во играта е да ги користите нашите картички колку што можете почесто. Односно, првите пет трансакции ќе се евидентираат во системот на банката со еден код,  тоа е единствен број со кој корисникот учествува во извлекувањето во наградната игра. Со секоја следна поединечна трансакција од минимум 1.000 денари системот генерира нов код, со што се зголемува и можноста за награда во играта. Практично, ова значи ако корисникот направи седум плаќања со картичката и секое во износ од најмалку 1000 денари, корисникот во играта ќе учествува со три кода“, објаснува директорката на Секторот за процесирање, Јасмина Диневска.

Наградната игра стартуваше на средината на месецов, 15 август, што значи дека корисниците кои веќе платиле најмалку пет сметки и секоја во износ над 1000 денари веќе се квалификувале за извлекувањето во јануари 2019 година. Секое добро!

Сподели!
- Advertisement -