Babyshop.mk, прва македонска онлајн продавница за деца во која семејството е пред сè!

- Advertisement -

Бојана Иванов и Елеонора Црвенкоска се двете мајки кои стојат зад првата специјализирана онлајн продавница за деца во Македонија- Babyshop.mk. Во овој заеднички проект тие ги сплотиле љубовта и грижата кон своите деца и желбата за успех и реализација на сопствен бизнис. Така се роди онлајн продавницата за деца и родители, Babyshop.mk!

Идејата за Babyshop.mk постои неколку години, и со огромна поддршка од страна на нашите партнери успеавме да ја реализираме. Пред да стартуваме, идејатa неколку пати претрпе измени со цел да дојдеме до онаа која ја сметавме за вистинска. Создадовме веб страница со онлајн продажба наменета за сите родители, баби и дедовци, тетки и чичковци, вујни и вујковци, комшии и пријатели кои сигурно во својот живот имаат по некое омилено дете.

Нашата цел е на едно место секој ден се повеќе и повеќе да имаме понуда од производители на облека и обувки, мебел, детска козметика, играчки, школски прибор, издавачи на книги, музика, креативни работилници, разни школи, бутици, игротеки кои своите производи или услуги ќе ги пласираат и продаваат преку нашиот веб сајт. Постоиме цели 6 месеци и позитивно сме изненадени од одзивот кој го добиваме.

- Advertisement -

Во однос на идните планови, работиме на тоа да ги прошириме нашите услуги, се со цел да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи. Се надеваме дека планот кој го имаме зацртано да го оствариме до крајот на оваа година успешно ќе го реализираме, а истиот ќе ни донесе нови и уште посреќни соработници, купувачи или пак читатели на блогот.


Колкав е потецијалот на Babyshop.mk на македонскиот пазар и дали можеби таргетирате и други пазари?

- Advertisement -

Потенцијалот на македонски пазар во моментов е добар, со тоа што секако се надеваме на уште поголем интерес. Во моментов немаме планови за проширување надвор од Македонија, но зошто да не. Секако не би ни сметало доколку го достигнеме истото.

По што се разликува Babyshop.mk од конкуренцијата? Какви производи нудите? Која е вашата предност на пазарот?

- Advertisement -

Во моментов можеме да кажеме дека конкуренцијата не е преголема, бидејќи барем ние не познаваме друг веб сајт кој продава исклучиво производи наменети само за деца и родители. Обично онлајн продавниците кај нас не се специјализирани за детски производи туку опфаќаат се. Секако сметаме дека конкуренцијата е здрава и треба да ја има.

Во однос на производите немаме ограничени тип на производи кои ги пласираме на сајтот, отворени сме за соработка за сите они кои сакаат да бидат дел од Babyshop.mk. За некои како дополнителен канал за продажба, а некои од нив како ексклузивен канал за пласман на нивните производи. Она што би сакале да го потенцираме, а сигурно оние кои веќе не посетиле знаат, дека ние не продаваме само производи туку имаме и услуги, како организирање на работилници, изработка на роденденски видео покани, разни реквизити и слично. Во многу скоро време услугите ќе бидат збогатени со уште дополнителни услуги, кои веруваме дека ќе израдуваат голем дел од оние кои не следат.

Освен онлајн продавница, Babyshop.mk има и блог на кој пласира интересни информации поврзани со родителите, децата, трудниците. Се трудиме се почесто да имаме и интервјуa со стручни лица на теми кои ја засегаат поголемата публика и кои можат да одговорат на многу прашања кои често си ги поставуваат родителите, тетките, бабите дедовците за себе и своите деца, внуци.

Каков е интересот за прозводите кои ги нудите?

Во моментов за тоа колкав е интересот би можеле да кажеме дека сме задоволни, но ќе бидеме искрени и ќе кажеме дека не постои некој лимит со кои би биле задоволни. Лимит не поставуваме, зошто тоа само ќе не ограничи, разочара или пак може да делува демотивирачки. Сакаме и работиме на тоа интересот да расте, прогресот е оној кој ни покажува дали се движиме по прав правец или не, и тоа е она што ќе не направи задоволни и ќе не натера да бидеме уште подобри.

Со оглед на тоа дека се позиционирате на онлајн пазарот во Македонија кој е во нагорна линија, кои се вашите препораки, како да се поттикне е-трговија на македонскиот пазар?

Дефинитивно приоритет број 1 е едукација на граѓаните за безбедноста на онлајн купувањето. Луѓето треба да се информираат дека онлајн трговците немаат никаков пристап до картичките на купувачите. Единственото нешто што системот дозволува е да видат дали трансакцијата е успешна или не и веројатно причина зошто истата не е извшрена. За жал сеуште постои страв за онлајн купувањето во нашата држава. Единствено што збунува е фактот дека сепак Македонците многу купуваат преку странските онлајн продавници. Тоа укажува дека треба да се зголеми довербата во домашните онлајн продавници. Ова е една од причините поради која BabyShop.мк стана членка во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Веруваме дека сите ние кои сме дел од неа, ќе помогнеме и ќе придонесеме кон зголемување на довербата и користењето на македонските онлајн продавници, со што ќе го донесеме онлајн купувањето во Македонија на повисоко ниво.

Сподели!
- Advertisement -