Нарачките за новата хрватска игра SCUM достигнаа7 милиони долари!

- Advertisement -

По 17 години доминација на Serious Sam, се појави нова хрватска игра која е на пат да стане глобален хит. Играта се вика SCUM (на англиски отпадник) и е на добар пат да стане второ најуспешно гејминг име од Хрватска. Ако се верува на почетните реакции на сервисите Twitch и YouTube, можеби ќе го замени Serious Sam на тронот.

SCUM беше пуштена во продажба пред два дена на најголемата светска онлајн продавница за копјутерски игри Steam, и тоа во Early Access modе. Тоа значи дека во голема фаза е довршена, но уште се развива. Неколку часа пред лансирањето на Steam на списокот со нарачки uмале 350.000 имиња. Тоа се луѓе кои само чекаат да се појави опцијата „купи“.

- Advertisement -

За почеток играта ќе се продава по цена од 19,99 долари (16,79 евра) што значи дека уште на самиот почеток можат да очекуваат приходи од најмалку 7 милиони долари.  Андреј Левенски, соосновач и технички директор на компанијата Gamepires, која стои зад играта, вели дека со секое кликнување на „refresh“ имаат еден куп нови мејлови од заинтересирани купувачи. Тој вели дека се многу задоволн и со оглед на тоа дека играта е дело на работата на 20-ина луѓе во изминатите две и пол години.

Левенски додава дека ќе бидат задоволни ако успеат да надминат продажба од 100.000 примероци. „Тоа е една психолошка граница после што само небото е граница“ додава тој. Очекуваат поголеми приходи затоа што слични игри се продаваат за најмалку 30 долари, а некогаш и дупло повеќе. Намерно ставиле ниска цена за да ги наградат првите играчи.

- Advertisement -

SCUM е 3Д игра на преживување за повеќе играчи сместена во т.н. отворен свет. Технички, станува збор за една од најсложените игри кога било направени во Хрватска. Играта е сместена во блиска иднина каде што корпорацијатa TEC1 управува со затвори. За да ги намали трошоците, корпорацијата откупува острови и на нив ги сместува затворениците. Таму ги препушта сами на себе. За да се оградат од нив, не ги нарекуваат по име туку SCUM, а за да заработат од нив прават реални шоуа и го прикажуваат нивниот живот.

Играта ја осмислил студиото Gamepires, но оттаму откриваат дека не би направиле ништо без финансиската поддршка од најпознатата хрватска компанија за копјутерски игри, Croteam, која инвестирала во рзвојот на SCUM. Од Gamepires наведуваат дека веќе ги контактирале од Intel, NVIDIA, AMD и други звучни имиња. Сите тие се заинтересирани за соработка и им рекле дека им ја следат работата веќе две години.

Сподели!
- Advertisement -