Научниците се сложни: Земјата е најтопла во последните 120.000 години

- Advertisement -

Последните три години месецот јули е најтопол месец на Земјата во последните 120.000 години, тврдат научниците. Следејќи ги последните објави на НАСА дека јули трета година по ред е најтопол месец од почетокот на мерењата во 1888 година, климатскиот научник Стефан Рамштроф истакнува дека последниот јули годинава, кога се забележани рекордни температури, веројатно бил најтоплиот месец од геолошкиот период познат како емиан.

Периодот емиан и ледената доба пред и после него биле природни процеси на Земјата кои можат да ја објаснат нашата ориентација кон Сонцето во тоа време, тврдат научниците. Овие процеси на загревање и ладење се случувале постепено илјадници години, но брзото загревање на Земјата во последните 150 години, без сомнение, е дело на човекот, затоа што во нашата атмосфера се собираат многу стакленички гасови произведени со користењето јаглен за огрев и други горива.

- Advertisement -

 

„Флуктуацијата меѓу топлите и ладните периоди на Земјата се случува отсекогаш, но клучната работа се случува поради индустријализацијата. Оттогаш имаме целосно поинаков распоред“ вели Пет Бартлеин, палеоклиматолог на Универзитетот Орегон.

- Advertisement -

„Целосно се сложувам дека последните три лета се најтопли во последните 100.000 до 115.000 години. Многу е веројатно дека почнавме да навлегуваме период кој е како најтоплиот дел од холоценот, периодот кој настапил по ледената доба“ изјави Дејвид Блек, палеоклиматолог од Универзитетот Стоуни Брук. Стефан Рамштоф уште во 2013 година тврдеше дека моменталната клима веќе го надминала најтоплиот дел од холоценот.

Сподели!
- Advertisement -