Firefox наскоро ќе почне автоматски да го блокира следењето

- Advertisement -

Во Mozillа подготвуваат верзија на популарниот веб пребарувач која автоматски ќе го блокира софтверот кој не следи додека сурфаме. Но, тоа би можео да предизвика проблеми. Во Mozilla од неодамна работат на развојот на пребарувачот Firefox Focus, поедноставен пребарувач кој ги блокира сите следачи и „колачиња“ и ги брише податоците од сурфањето откако ќе го затворите, пишува tportal.hr.

Но, нема да застанат само на тоа. Од идната година и главното издание на Firefox автоматски ќе ги блокира сите скрипти за следење и ќе ни понуди сет од механизми со помош на кој ќе имаме подобра контрола над споделувањето податоци.

- Advertisement -

Од Mozillа велат дека на тоа се одлучиле поради низа несакани последици кои ги има следењето на посетителите низ веб страниците. Една од нив е побавно отворање. Такво блокирање веќе е активирано во верзијата Firefox Nightly. За сите корисници на тој веб пребарувач новата опција треба да биде достапна во февруари 2019 годин, за кога е најавен Firefox 65.

Критичарите предупредуваат дека воведувањето на блокирањето може да предизвика проблеми доколку се однесува на алатки за распространување како што се Google Analytics. Засега уште не е познато дали блокирањето ќе го има и на Firefox за мобилни телефони.

Сподели!
- Advertisement -