Македонските фирми се речиси незаинтересирани за заштита на индустриската сопственост

- Advertisement -

Државниот завод за индустриска сопственост по повод 25 години од своето постоење почна со информативни настани низ градови во земјава. Информативниот караван почна од Штип на средба со бизнис заедницата и поставување на штандови низ централното градско подрачје со цел граѓаните да се информираат за работата, но и на кој начин да ги заштитата своите патенти, трговски марки. Заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски  истакна дека целта е на бизнис секторот да им се презентира што е индустриска сопственост и како влијае врз самото стопанство.

– За жал многу мал дел од стопанствениците се заинтересирани за самата индустриска сопственост. По тој повод и сега и во иднина ќе имаме повеќе манифестации се со цел запознавање на стопанствениците и граѓаните што е тоа индустриска сопственост, зошто е добро да се заштити, потоа што се трговски марки, патенти, вели Герасимовски.

- Advertisement -

Али Асани државен советник за индустриска сопственост вели дека целта им е да го поттикнат бизнис секторот да си ја заштитат индустриската сопственост, поради фактот што е многу мал бројот на домашни пријави за патенти и трговски марки.

– На пример од 2017 година имавме 1.003 пријави за патенти, помалку од 50 беа домашни и тоа претежно доаѓаат од физички лица, од самите иноватори. Многу малку е застапена индустријата, значи самите фирми било мали и средни, било големи фирми. Во трговските марки е малку подобар, тој број. Значи заинтересираноста е поголема. Но, како и да е во споредба со развиентите земји, бројот на пријави за трговски марки е значително мал, вели Асани.

- Advertisement -

Тој забележа дека воопшто не е  скапо да се заштити една трговска марка, а пресметките кажуваат дека една фирма за период од 10 години ќе ја чиини само 6.000 денари.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека ваквите средби со бизнис заедницата се корисни, со цел изворно да слушнат што им се нуди и како да ја заштитат индустриската сопственост.

- Advertisement -

– Ова е нешто што на многу наврати знаеме дека се има злоупотребувано и во светот и во Република Македонија. Но, затоа има закони во државата, кои што треба да ги знаат стопанствениците, со што ќе може да биде нивниот производ заштитен, брендира и тоа е добро за да го развиваме бизнис секторот и да јакне и да се движи кон она што се движи цела Европа. ЕУ за ова издвои 1.300.000 евра, во 2016 година за поддршка на бизнис секторот и затоа е многу важно да се движиме кон ЕУ, вели Бочварски.

Државниот завод за индустриска сопственост вакви информативни средби и поставени штандови ќе има низ седум градови во земјава, а овој месец е посветен на индустриската сопственост.

Сподели!
- Advertisement -