Најдобриот хрватски тренер, Златко Далиќ доаѓа на Weekend Media Festival

- Advertisement -

Weekend Media Festival за своетo 11-то издание подготви низа новитети – од нови формати во програмата до нови сали и споделување на party програмата со странски музички ѕвезди

Кога хрватската фудбалска репрезентација влезе во финалето на Светското првенство во фудбал во Русија, Хрватска стана еден од најбараните поими на Google, беа објавени милион написи во кои се споменува и беа оставени повеќе од 60 милијарди импресии. На денот на финалето беа објавени повеќе од еден милион „твитови“ во кои се споменуваше Хрватска. За само еден месец репрезентацијата и тренерот Златко Далиќ освен мегауспехот, направија и историска промоција на Хрватска. Најдобриот фудбалски тренер на Weekend Media Festival ќе открие непознати детали од Русија и што и донело второто место на Хрватска во Русија .

Спортот е еден од најдобрите адути на Хрватска во промовирањето, а како се променило тоа и што се вклучува модерното брендирање на една земја на еден од панелите ќе открие Хрватската туристичка агенција.

- Advertisement -

Некогаш непожелна, денес индустријата за канабис е една од најбрзорастечките во САД. Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, призна дека пушел марихуана. За здравствените придобивки се зборува со години. И во Хрватска медицинската упоитреба е дозволена, но кога болните луѓе ќе почнат сами да го одгледуваат, добиваат затворска казна. Треба ли да се легализира канабисот, како да се регулира тој пазар, дали од легализацијата ќе профитира општеството или ќе се поттикне зависноста, на предавање, меѓу другите, ќе расправа д-р Огнен Брборовиќ од Медицинскиот факултет во Загреб.

„Некои компании веќе го насочија својот бизнис кон индустријата за канабис која, според проценките на Business Insider, во наредните четири години на глобално ниво ќе вреди 32 милијарди долари. На овој Weekend одлучивме да ги прашаме експертите да ни ја објаснат пошироката слика на легализацијата и влијанието врз општествата“ вели Никола Врдољак, директор на програмата на фестивалот.

- Advertisement -

На панелот „Светот останува на младите (кога старите ќе одлучат така)“ (“Na mladima svijet ostaje (kada o tome stariji donesu odluku)”)  припадниците на помладите генерации ќе ги срушат предрасудите за меѓугенерацискиот јаз и ќе дадат свое видување на општествата, претприемништвото и актуелните прашања.

- Advertisement -

„Годинава одлучивме да воведеме нов формат во рамкти на предавањата на кој ќе говорат деца помлади од 18 години. Верувам дека на сите нас на некој начин нивните ставови ќе ни ги отворат очите и ќе ни покажат нови правци во кои треба да размислуваме“ додава Врдољак. 

Weekend годинава подготви уште многу новитети, нови сали и формати. Така, на саботната забава насловена “Weekend Goes Global” по прв пат доаѓаат меѓународни ѕвезди – белгиското дуо 2manydjs. Марко Толја и дивата на хрватската музичка сцена Зденка Ковачичек во придружба на единствениот Џез оркестар на ХРТ под палката на Мирон Хаузер ќе настапат во четврток , додека во петок Bolesna braća ќе понудат пожесток ритам.  

По минатогодишната одлична соработка со нордиските земји, годинава Германија и Франција се партнери на фестивалот. Двете земји оставија тешко минато зад себе и станаа важни столбови на европската интеграција. Амбасадорката на Франција, Корин Бруно-Мение и претставникот на Амбасадата на Германија, Харалд Зајбел, нагласија дека младите и динамични луѓе со употребата на современа технологија за комуникација даваат вреден придонес за разбирање и слободна, прогресивна Европа.

Гостите од Франција и Германија ќе претстават некои од инспиративните трендови од нивните земји. Пред се, тоа ќе биде Arte, европскиот канал за култура кој го основаа Франција и Германија, уникатни искуства и извонредни авантури со кои на полето на културата и информациите излегоа надвор од националните граници. Потоа, Qwant, европскиот интернет-пребарувач кој се развива во Франција со германски капитал, и Gobelins, водечката школа за анимации во светот, како и многу други кои допрва ќе ги откриеме.

И годинава спонзор и партнер на фестивалот е Adris grupa, која од самиот почеток го поддржува Weekend Media Festival. Како и секогаш, маркетишнките трудови може да се испратат на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални трудови повторно ќе ја добијат најбитната дигитална награда, SoMo Borac. Забавниот и прониклив Weekend ве чека во фарбиката за тутун во Ровињ од 20 до 23 септември.

Сподели!
- Advertisement -