Српската фабрика за метални садови Metalac патентираше експрес лонец со дисплеј

- Advertisement -

Републичкиот завод за интелектуална сопственост објави пријава за нов патент на фабриката за садови Metalac од Горни Милановац. Името на изумот Експрес лонец со дисплеј за домашна употреба – RN 12778 и станува збор за лонец кој овозможува далечински да се следи и да се контролира варењето грав, компир или зелка, без подигање на капакот.

Како што пишува во описот доставен до Заводот, патентот припаѓа на областа течен животен прибор, односно општи постапки за готвење храна. Уредот се состои од сад и капак. Телото на капакот содржи стаклен диск, отпорен е на термо шокови и трпи притисок од 20 бари, пишува eKapija.

- Advertisement -

Стаклениот диск е направен од внатрешната страна на капакот и со зголемување на притисокот се остварува подобро затворање на стаклото и капакот. Постапката на готвење се одвива под притисок од 1,5 бари и без испуштање пареа во атмосферата. Експрес лонецот има три степени на сигурност: испусен вентил, сигурносен вентил и отвор за гума.

На овој начин се осигурува безбедно готвење на храната, увид во текот на готвењето и управување со постапката готвење под притисок, дополнителна заштеда на енергија, пократко време на готвење без испуштање пареа и непријатни мириси, како и задржување на битните состојки од храната.

- Advertisement -

Фабриката Metalac има 55 години искуство во производството на садови, една е од најдобрите фабрики во Европа во својата област и 70% од садовите ги извезува во 25 држави, што е околу 6 милиони парчиња садови кои се испорачуваат на купувачи од ЕУ и Русија.

Сподели!
- Advertisement -