Првиот паметен телефон на Samsung кој ќе се склопува како книга ќе биде готов до крајот на годинава

- Advertisement -

Samsung конечно го потврди доаѓањето на футуристичкиот уред и пред крајот на годинава. Ова го потврди директорот на мобилниот оддел на компанијата и додаде дека револуционерниот телефон ќе биде претставен на крајот на годината, а првите примероци ќе стигнат во рацете на купувачите во текот на 2019 година.

Директорот Ди Џеј Кох нагласи дека компанијата ќе го претстави уредот во текот на конференцијата Samsung Developer Conference, која ќе се одржи во Сан Франциско во ноември годинава. За потсетување, Samsung веќе неколку пати потврди дека работи на прототип на уред кој ќе има флексибилен екран, а обожавателите на брендот го нарекоа Samsung Galaxy X, но ова е прв пат да го дознаеме конкретното време на неговото појавување.

- Advertisement -

Кох потврди деак телефонот ќе може да се користи свиткан, но кога ќе одлучите да сурфате на Интернет, ќе мора да го отворите. Прашањето е зошто Samsung одлучи својот телефон да го претстави на крајот на годинава затоа што како што изјавија од компанијата, постои технологија за изработка на ваков уред, а според анкетите, пазарот е подготвен за таквиот телефон.

Сподели!
- Advertisement -