Facebook ќе потроши милијарда долари на нова зграда во Сингапур која ќе користи само соларна енергија и вода за разладување

- Advertisement -

Facebook ќе потроши милијарда долари на својот прв дата центар во Азија кој ќе користи само обновлива енергија. Градбата ќе има површина од 170.000 квадратни метри, ќе се наоѓа во Сингапур и е дизајниран да ја минимизира потрошувачката на вода, енергија и површина.

Марк Цукерберг вели дека моментално работат на развој на нови соларни извори во Сингапур за да обезбедат доволно енергија за зградата висока 11 ката. Се очекува дека дата центарот ќе почне со работа во 2022 година, иако изградбата ќе продолжи и потоа бидејќи Facebook ќе го зголемува капацитетот. 

- Advertisement -

Ова е 15-тиот дата центар на Facebook во светот. Минатата недела од компанијата ги потврдија плановите за намалување на емисијата на стакленички гасови и заложбите за користење 100% обновлива енергија до 2020 година.

Дата центарот во Сингапур ќе биде првиот кој ќе го користи новиот систем на Facebook, StatePoint Liquid Cooling system, кој е дизајниран да ја минимизира потрошувачката на вода и енергија. Според тестирањата кои ги направиле, овој систем ќе ја намали потрошувачката на вода во тропската клима во Сингапур за 20%, каде што температурите ретко кога паѓаат под 25°C.

- Advertisement -

Фасадата на зградата е направена од перфориран лесен материјал кој овозможува проток на воздух низ зградата. Од Facebook велат дека го избрале градот-држава како локација за центарот од повеќе причини, меѓу кои робустната инфраструктура и пристапот до широкопојасен оптички Интернет со голема брзина, пишува DailyMail.

Се очекува новиот центар на почеток да троши 30 мегавати, а со проширувањето на капацитетите да достигне 150 мегавати. Сингапур е еден од најживите и најмодерни технолочки центри во Азија. Сепак, ова е голем предизвик за Facebook поради високите температури и влажноста.

Сподели!
- Advertisement -