Развојот на технологијата во иднина цеосно ќе ја смени автомобилската индустрија и нашите навики затоа што кога ќе завладеат беспилотните автомобили со патиштата, нема да ни треба ни возачка дозвола, ниту да поседуваме автомобил затоа што поедноставно и поевтино ќе биде да се нарача автононо такси. До тие радикални промени ќе помине време, а дотогаш автомобилските компании ќе продолжат со интегрирање модерни технологии во автомобилите.
Една од таквите технологии се гласовните асистенти како Alexа, Google Assistent, Siri итн., со кои се почесто ќе разговараме со автомобилите. Веќе од идната година сопствениците на некои од новите модели на BMW ќе можат да управуваат со посебни опции во автомобилите преку гласовниот асистент кој го развива компанијата.
Официјалниот назив за асистентот е Intelligent Personal Assistant (IPA) и ќе биде лансиран во март идната година. Можностите на IPA ќе бидат многубројни и со тек на време на возачите ќе им овозможат повеќе опции. На пример, со гласовни команди ќе можат да го проверат нивото на моторното масло, притисокот во гумите, да управуваат со звучниците, да го отворат или затворат кровот на автомобилот, да управуваат со климата, навигацијата и сл, пишува Zimo.
Исто така, IPA ќе има поддршка за некои услуги на Microsoft и ќе може да чита имејлови, да се јавува преку Skype, а ако возачите се пожалат на умор во текот на возењето, вендаш ќе се активира т.н. опција „виталност“, односно ќе се смени осветлувањето, температурата во автомобилот и музиката за да се разбуди возачот. Асистентот ќе се стартува со „Еј, BMW“ (“Hey BMW”), односно корисниците ќе можат сами да го изберат името на асистентот.