Овој робот засекогаш ќе го промени начинот на кој чистите

- Advertisement -

Една од работите за кои роботите веќе ги заменија луѓето се домашните обврски, особено една од најомразените работи – чистењето со правосмукалка. Веројатно најпопуларните роботски правосмукалки во светот се Roombа на iRobot. Во зависност од моделот, Roombа имаат различни напредни опции, но најголем проблем е што откако ќе ја завршат работата, луѓето мора да го испразнат ѓубрето:

Инжњенерите на Roombа успеаја да го решат тој проблем со најновиот робот Roomba i7+. Овој модел доаѓа со посебна базна станица, со која се конектира и автоматски се исфрла ѓуврето. Во таа базна станица може да се стави содржината на 30 кеси за ѓубре.

- Advertisement -

Roomba i7+ има и нова опција за паметно мапирање и ги памети систе простории за чистењето да биде поефикасно и побрзо. Исто така, може дури да ги запамети и називите за просториите, па преку гласовен асистент можете да му наредите кои простории треба да се исчистат.

Новата Roombа може да се купи по цена од околу 1.000 долари, односно 699 долари без базната станица, но со тоа немате опција за автоматско чостење.

Сподели!
- Advertisement -