Почна масовниот проект за чистење на океаните – за 5 години ќе се исчистат 40.000 тони отпад

- Advertisement -

Почна проектот за чистење на океаните под надзор на непрофитната организација Ocean Cleanup.ЦЕлта на амбициозниот проект е во претстојните пет години да исчисти половина од таканаречениот The Great Pacific Garbage Patch, куп отпад во Тихиот Океан или околу 40.000 тони. Океанографот и одговорен за проектот Лорен Лебретон потврди дека во тој куп има околу 80.000 тони отпад.

По пет години подготовки и тестирања, конечно дојде големиот момент за 24-годишниот Холанѓанец Бојан Слат, кој го осмисли системот за чистење. Тој е и основач и директор на Ocean Cleanup. Слат изјави дека ова ќе биде прв обид за чистење на купот отпад откриен во 1997 година, во кој според проценките, се наоѓаат дури 1,8 трилиони парчиња пластика. Најголем дел е отпад кој таму стигнал преку реките, но има и рибаска и наутичка опрема како делови од мрежи, пишува Zimo.

- Advertisement -

Како функционира системот? Бродот Maersk Launcher, кој во саботата отплови, зад себе влече пловечки цевки исполнети со воздух долги околу 600 метри, кои се дел од досега најголемата бариера во море наречена System 001. Змијоликата бариера ќе биде поставена во форма на потковица и слободно ќе плови носена од морските струи и ветрот. На цевките во длабочината ќе има преграда долга околу 3 метри, па отпадот ќе се задржува во потковицата, а рибите и останатите животни ќе можат слободно да пливаат. Кога ќе се насобере отпад во потковицата, по него ќе дојде брод, кој ќе го однесе на рециклирање. Бродовите би требало да доаѓаат секои 6-8 недели.

Пластичните предмети во океаните годишно убиваат до 100.000 китови, делфини и фоки, кои мислат дека тоа е храна и ја голтаат. Во последно време се пронаѓаат и се повеќе мртви птици со желудец полн со пластика. Некои се заплеткуваат во мрежите кои се фрлени и се угушуваат зашто не можат да побегнат. Секоја година во морињата и океаните се флраат околу 8 милиони тони пластика.

Сподели!
- Advertisement -