Кинески научници создадоа уред кој директно произведува водород од морска вода

- Advertisement -

Истражувачки тим од Кина сздаде уред кој директно може да ја подели морската вода на водород и кислород. Уредот е електролизер на морска вода во форма на мембрана и помага да се избегне корозијата и страничните реакции кај традиционалните методи за добивае водород.

Тимот предводен од Жонгпинг Шао, професор по хемиски инеженринг на кинескиот Технолошки универзитет Нанџинг, The team led by Zongја објави својата студија во весникот Nature и тврди дека ниниот модл успешно работел 3.200 ласа во практични услови без никаков прекин.

- Advertisement -

Најголем дел од вородото кој се произведува денес е од фосилни горива, што значително придонесува за карбонскиот отпечаток. Електрохемиската електролиза на солена вода користи обновлива енергија за масовно производство на зелен водород, велат кинеските истражувачи.

Има еден проблем кога станува збор за електролизата на солена вода. Солената вода предизвикува корозија на електродите кои се користат во разни системи. Премазите од полианјони може да помогнат да се спречи корозијата од хлоридните јони, како и користењето селективни електрокатализатори, но тоа не е доволно за практична примена.

- Advertisement -

Десалинизацијата може да помогне да се реши проблемот, но тоа значи користење повеќе енергија, што значи нема да е исплатливо. Исто така, поради големината на опремата за десалинизација, тој процес не е флексибилен.

Кинескиот истражувачки тим користел концентриран олово хидроксид во кој ги потопил електродите, а порозната мембрана помага да се одвои растворот за електролиза од солената вода. Мембраната богата со флуор ја блокира течната вода, но дозволува пареата да помине.

- Advertisement -

Во текот на електролизата водата во електролитниот раствор се дели на составните компоненти – водород и кислорос. Резултатот е разлика во притисокот меѓу електролитот и морската вода, поради што морската вода испраува. Истовремено, водата поминува низ менбраната во електролитот и се враќа назад во течна состојба, со што може да се користи за нареден циклус.

Истражувачите велат дека овој нивни систем ветува примена во разни третмани на вода и го носи производството на водород чекор понапред.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -