Расте интересот за кредити за естетска хирургија

- Advertisement -

Имате желба за естетска корекција, а не сте сигурни како да ја платите операцијата. Во овој случај треба да се информирате за Медиплус кредитот за естетска хирургија на Стопанска банка а.д. Битола со 0 отсто камата. Искуствата од пракса покажуваат дека расте бројот на девојки и момчиња кои одлучиле да подигнат ненаменски кредит за да ја платат естетската корекција. Вообичаено, каматните стапки на традиционалните ненаменски кредити се високи, што значително го зголемува трошокот за интервенцијата.

„Производот Медиплус за естетска хирургија е резултат на истражувањата на пазарот кои покажуваат дека Македонија не е исклучок од светските случувања и бројот на лица кои имаат желба за хируршки корекции на ликот или телото има тренд на пораст. Природно се наметна и соработката со една од најголемите приватни болници во регионот „Аџибадем Систина“. Намената на кредитот е за покривање на трошоците за медицински услуги и услуги од естетска хирургија во оваа Клиничка болница. Производот е креиран со минимални трошоци за кредитобарателот и со 0 отсто камата, односно, станува збор за единствен производ што не е споредлив со останатите кредити на македонскиот пазар, чии каматни стапки во различни банки се движат и над 11 отсто“, вели директорката на секторот за процесирање Јасмина Диневска.

- Advertisement -

Максималниот износ што кредитобарателот може да го подигне е 4000 евра. Рокот на враќање зависи од подигнатиот износ, односно износите до 1000 евра се со рок од 12 месеци, износите од 1001 евро до 2000 евра – 24 месеци, износите од 2001 до 3000 евра – 36 месеци и за износите од 3001 до 4000 евра рокот на враќање е 48 месеци. Трошокот за аплицирање за кредитот е 200 денари, а провизијата за одобрен кредит изнесува 0,5 отсто. Нема трошоци за предвремена исплата.

Независно од примарната намена на кредитот за естетска хирургија, од банката потенцираат дека кредитот може да се користи за покривање на трошоци и за други медицински услуги кои пациентите ги користат во болницата. Информации за можностите може да се добијат во болницата или во банката.

- Advertisement -

„Кредитот е креиран да се излезе во пресрет на потребите на корисниците на услугите во ‘Аџибадем Систина’ и затоа и дозволуваме да се покриваат и трошоци и за други медицински услуги. Сметаме дека сите треба да имаме избор каде да се лекуваме. Во случаи кога тој избор е ‘Аџибадем Систина’ сакавме да излеземе во пресрет со една финансиска поткрепа за оние кои имаат потреба“, објаснува Диневска.

Стопанска банка а.д. Битола има богато портфолио на кредитни производи со различни карактеристики кои се силна конкуренција на понудите од останатите банки, но како што објаснуваат од Банката, Медиплус кредитот е уникатен и единствен производ кој не се споредува со останатата понуда.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -