Индонезија мобилизираше 20.000 жители да го исчистат пластичниот отпад

- Advertisement -

Индонезија троши повеќе од 10 милијарди пластични кеси годишно и е вториот најголем загадувач со пластика во светот. Со цел да се справи со проблемот со пластичниот отпад илјадници доброволци минатиот месец се собраа и учествуваа во една од најголемите акции за чистење досега. Целта на настанот беше да се едуцираат граѓаните за опасноста од загадувањето и да се поттикнат младите луѓе да рециклираат.

Како што пишува Inhabitat, повеќе од 20.000 луѓе од 76 различни области од земјата учествуваа во настанот, кој организаторите го нарекоа „Соочи се со морето“ („Face the Sea“). Волонтерите ги поминаа плажите во Индонезија за да го исчистат пластичниот отпад и да ја подигнат свеста на луѓето за загадувањето на океаните.

- Advertisement -

Земјата е веднша зад Кина по количината пластика која ја троши на годишно ниво. Вкупно, Индонезија произведува 3,2 милиони тони пластичен отпад годишно, што е една четвртина од тоа што се фрла во океаните. Кога пластиката ќе дојде во океанот, струите ја натрупуваат и создаваат огромно површини отпад. Најголемата од нив е Great Pacific Garbage Patch, која има површина колку државата Тексас. Доколку светот продолжи да користи пластика со ова темпо, до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку жив свет.

Сподели!
- Advertisement -