Седум гестови со раце кои ќе ги натераат луѓето да ве слушаат

- Advertisement -

Како се претставувате себеси кажува многу за вас, а голем дел од вашата презентација пред другите се сведува на гестови со раце. Тоа е особено точно кога се говори пред публика. Според една неодамнешна студија, говорниците чии TED говори се прошириле низ целиот свет користеле просечно 465 гестови со раце, наспрема 272 гестови на говорниците чии говори не се популарни.

Сепак, гестикулацијата со раце е истовремено уметност и наука. Доколку сакате луѓето да ве слушаат, мора да ги користите вистинските гестови во вистинско време.  Од броење на прсти до отворање на дланките, ова се некои гестови со раце кои ќе ви помогнат луѓето да ве слушаат.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

Сигурен сум – антропологот Дејвид Гивенс открил дека ваквото држење на рацете влева сигурност, и кај луѓето, но и кај другите животни. Користете го кога навистина знаете што зборувате и сакате да пренесете знаење.

 

 

 

 

 

 

Отворен сум – авторите Барбара и Алан Пиз објаснуваат дека отворените дланки се асоцираат со вистина и чесност и на публиката и покажуваат дека немате што да криете. Користете го кога сакате да бидете целосно транспарентни.

 

 

 

 

 

 

Самоуверен сум – ваквото држење на рацете покажува моќ и асоцира на сложени мисловни процеси како што е решавање проблеми. Користете го кога сакате да ја покажете или да ја споделите вашата мудрост на некоја тема.

 

 

 

 

 

Имам одлична идеја – според експертот за говор на телото д-р Керол Кинзи Гоман, овој гест визуелно асоцира на нешто големо и го пренесува вашиот ентузијазам на другите. Користете го кога искажувате некоја нова мисла која може да биде револуционерна.

 

 

 

 

 

 

 

 

Ваква е работата – овој гест ја отелотворува апстрактната идеја за нешто неверојатно прецизно и точно ја пренесува пораката на публиката. Користете го кога сакате да потенцирате нешто или да го изразите својот цврст став по некое прашање.

 

 

 

 

 

 

 

Најискрено го мислам ова – истражувачите Парзучовски и Војчички откриле дека овој гест придонесува другите да ве перципираат како искрена личност. Користете го кога навистина верувате во тоа што го зборувате и сакате на другите да им го покажете тоа.

 

 

 

 

 

 

 

Броење на прсти – ова движење на рацете помага слушателите полесно да ги запаметат поентите и служи како неформална основа за планот на зборување. Користете го за да им помогнете на луѓето внимателно да ве следат кога имате неколку работи за набројување.

Сподели!
- Advertisement -