Сте чувале ли некогаш риби како миленици? Некои велат дека ги смируваат кога гледаат како пливаат, за други се терапевтски. Тоа е одлично, но сте се запрашале ли некогаш што прават рибите кога нема да сте дома? Можеби имаат авантури од стилот на рипката Немо од познатиот цртан филм „Finding Nemo“? Сега нема повеќе да се прашувате затоа што тука е тука Bluenero.
Што е тоа?
Bluenero е првиот паметен аквариум во светот. Денес има многу паметни гаџети за рибите, но сите тие претежно се компоненти што ги ставате во аквариумот. И претходно имало обиди да се направи паметен аквариум, но не собрале доволно пари за да се пласираат на пазарот. И Bluenero уште не е на пазарот, но собира средства на Indiegogo.
Се прашувате зошто е толку паметен овој аквариум? Додека на луѓето однадвор нема да им изгледа ништо посебно, има вградена HD камера, цел спектар ЛЕД светла, УВ филтер за филтрација, пумпа за кислород, која работи и за слатка и солена вода, и автоматско хранење. Значи, прави се за да ги одржи во живот вашите миленици.
Како работи? Се разбира, со апликација. Преку телефон можете да проверувате како се рибите, да ги храните, да ја менувате бојата на светлата итн. Вејн Туманјан, основач и извршен директор на компанијата Bluenero, вели дека аквариумот се грижи и за безбедноста на рибите – користи 256bit SSL енкрипција.
Доколку се одлучите да ја поддржите кампањата на Indiegogo, ќе добиете попуст од 50%. Регуларната цена на аквариумот ќе биде 899 долари за помалата верзија и 1.099 долари за поголемата. Првите аквариуми ќе бидат доставени во третиот квартал од 2019 година.
World's Most Advanced Smart Aquarium
This smart aquarium makes fish keeping easy and more fun.More info: https://fa268da0.kckb.st
Posted by Startup Selfie on Вторник, 11 септември 2018