Одобрени 8 милиони евра за инфраструктурни проекти во општините

- Advertisement -

Од денеска сите општини ќе може да аплицираат за нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку проектот за подобрување на општинските услуги

Со овие осум милиони евра, општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и други проекти.

Министерството за финансии го објави јавниот повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската Банка.

- Advertisement -

„Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните, истакнал министерот за финансии Драган Тевдовски.

Сподели!
- Advertisement -