Огромна студија направена меѓу 40.000 работници во 300 компании со отворен работен простор покажа дека тие не се ефикасни!
Еве како компаниите гледаат на канцелариите од иднината:
- Работата на далечина ќе биде нова норма. Според истражувањето, 83% од работниците не мислат дека треба да бидат во канцеларија за да бидат продуктивни, а 38% изјавиле дека повеќе би уживале во својата работа ако им се дозволи да работат од далечина
- Физичкиот простор ќе се намалува. Се повеќе компании ќе се префрлат на соработнички модел на канцелариски простор, со работни простории кои собираат тимови, поттикнуваат разговор и создаваат подобри идеи.
- Традиционалните работни маси ќе изчезнат. Луѓето се повеќе ќе прифаќаат опкружување кое одговара на потребите, без разлика дали тоа е маса во кафуле или соработнички простор.
- Работното време е застарен концепт. Работниот ден повеќе не е од 9 до 17, туку 24 часа. Миленијаците се спремни да прифатат и помала плата во замена за флексибилно работно опкружување.
Реалноста денес е дека повеќето вработени би сакале да работат од дома или од некое кафуле отколку во отворен работен простор со десетици или стотици колеги. Бројни студии покажаа дека канцелариите со отворен простор се лоши за продуктивноста и не се економични. Последното истражување воедно е и најобемно и завршува со следниот заклучок:
“Затворените канцеларии го надминаа концептот на отворена канцеларија во повеќето аспекти за квалитет на внатрешен простор, особено во поглед на акустика и приватност“. Освен буката и прекините во работа, луѓето не ги сакаат отворените канцеларии затоа што има премногу причини да се одвлече вниманието на вработените, да се намали концентрацијата и да се загрози аналитичкото размислување и креативност.
Очигледно е дека посто врска меѓу продуктивноста и задоволството од работно место и типот на канцелариски простор. Ако сакате вработените да сакаат да доаѓаат на работа – дајте им приватни канцеларии или барем кабини со прегради кои нудат доза на приватност!