САД на војниците ќе им вградува радиочипови во забите – ќе можат да комуницираат со стискање на забите

- Advertisement -

Како од некоја сцена од продолжение на „Невозможна мисија“, војниците во блиска иднина со соборците ќе комуницираат преку микрофон кој ќе се наоѓа на нивните заби. Американското Министерство за одбрана одлучи да потроши околу 10 милиони долари на развој на Molar Mic, мал уред кој е сличен на Bluetooth слушалки, но практично е невидлив и за почеток ќе биде наменет за военото воздухопловство.

Molar Mic го прави калифорниската компанија Sonitus Technologies, а е замислено да се стави на горните катници. Во него се наоѓа минијатурна батерија која може да се полни, микрофон отпорен на вода и звучник кој преку коските го пренесува звукот. Звукот на класичните радиски уреди или мобилни телефони се пренесува безжично преку ѓердан кој може да се носи околу врат.

- Advertisement -

Од Sonitus наведуваат низа ситуации во кои се наоѓаат војниците, како скокови со падобран, работа од хеликоптер, пливање во море, кои го отежнуваат функционирањето на класичните уреди. Нивниот Molar Mic звукот го пренесува директно во внатрешното уво, а како резултат на тоа на војниот ништо не му пречи на главата, поудобно работи и може да користи дополнителна опрема без да губи комуникација.

Иако овој уред најпрвин ќе биде наменет за војската, технологијата набрзо ќе може да се најде и во комерцијална примена и тоа за безбедносни цели, во индустријата или за итните служби.

Сподели!
- Advertisement -