Коосновачот на Salesforce,com Марк Бениоф и неговата сопруга го купија американскиот весник „Тајм“, само осум месеци откако беше продаден на американската медиумска група Мередит Корпорејшн.
Милијардерот Бениоф списание го купи за 190 милиони долари, а според „Мередит“ тој нема да биде вклучен во секојдневното работење или во новинарските одлуки.
Договорот се очекува да биде финализиран за еден месец, но претходно треба да добие дозвола од регулаторните органи.
Овој чекор му дава на 53-годишниот претприемач, еден од лидерите во префокусирањето на компаниите од употреба на софтвер за облачни услуги, нова улога – медиумски магнат, коментира „Bloomberg“.
Бениоф, чие нето богатство изнесува 6,5 милијарди долари, е извршен директор на „Salesforce“. „Meredith“, која е позната по изданијата, како „Better Homes & Gardens“, го купи „Time“ како дел од купувањето за 1,8 милијарди долари на „Time Inc.“ во јануари. Малку потоа, сепак таа предложи некои од најголемите имиња за продажба, вклучувајќи ги „Sports Illustrated“, „Fortune“ и самото списание „Time“.
„За нас е чест да се погрижиме за една од најважните медиумски компании и иконски бренд во светот“, велат тие во изјавата од неделата. „„Time“ секогаш било доверлив одраз на состојбата на светот и не потсетува дека бизнисот е еден од најголемите платформи за промена“.
Во неделата од „Meredith“ изјавија дека трансакциите за останатите изданија се очекуваат „во блиска иднина“.