Се затвора словенечката крипто-компанија Cofound.it

- Advertisement -

Стартап компанијата Cofound.it, која разви систем за initial coin offering (ICO), начин на прибирање средства со понуда на крипто-валути реши да ги затвори своите врати 

Вкупно 14 милиони долари ќе им бидат поделени на оие кои ги поседуваат жетоните. Оваа стартап компанија може да се пофали со едно од најголемите словенечки ICO. ICO е еквивалент на првата понуда на акции во светот на blokchain техологија. Со оваа понуда Cofound.it собра речиси 15 милиони долари, извести радио-телевизија Словенеија. Cofound.it најави воспоставување на платформа на која останатите компании би можеле да управуваат со своите ICO. Со тоа би придонеле кон децентрализација на финансискиот свет и зголемување на транспарентноста.
Една година подоцна сфатиле дека не успеале затоа што светот на ICO- а се променил. Сега на него доминираат рани инвеститори и промотери кои бараат брза заработка, напиша лидерот на компанијата, Даниел Закрисон на блогот. Исто така имаше и доста измами. Инвеститорите изгубија доверба во ICO и затоа единствено одговорно решение е ликвидација на компанијата и отплата на инвеститорите, нашиша тој.
Според пишувањето на Финанце, на овој стартап по затворањето му останале 14,4 милиони долари и 350.000 обрски. Носителите на жетони, истите ќе мора да ги вратат назад за да бидат уништени. Cofound.it минатата година работеше со 4,5 милиони долари приходи и 2,5 милиони долари нето добивка.
Сподели!
- Advertisement -