Цукерберг ќе инвестира 13 милијарди долари во научни истражувања и борба против болести

- Advertisement -

По раѓањето на првото дете Марк и Присила Цукерберг најавија дека ќе донираат 99% од вредноста на акциите на Facebook со цел напредок на човечкиот потенцијал и промовирање на еднаквоста на луѓето, а нивните најави не останаа само празни зборови на хартија, туку стартуваа филантропска организација насловен Chan Zuckerberg Initiative (CZI), со која финансираат бројни здравствени проекти.

И претходно шефот на Facebook најави планови за продажба на акции во вредност до 13 милијарди долари, со кои ќе ја финансира оваа непрофитна организација, чија конечна амбициозна цел е во текот на животот децата да се излечат од сите болести. Во текот на оваа година Цукерберг веќе продаде акции во вредност од 5 милијарди долари, со кои досега ја финансираше CZI.

- Advertisement -

Оваа организација е целосно независна од Facebook и нејзините основачи активно учествуваат во работата. Додека Присила е целосно посветена на инцијативата, во која работат дури 250 луѓе, Марк учествува на бројни состаноци, разговара со научници и посветува дел од времето на проектите на организацијата. Единствениот начин на којшто можат да се решат светските проблеми, сметаат во CZI, е со соработка меѓу организации како оваа, технолошки компании и научници.

Присила и Марк со парите од организацијата сакаат да овозможат користење на алатки со кои може да се унапредат истражувањата и проектите, при што не очекуваат брзи решенија во текот на идните месеци или идната година, туку нивната цел е долгорочна и станува збор за повеќе години, па и децении. Еден од проектите во кој инвестираат е Human Cell Atlas, чија цел е да се мапира секоја клетка во човечкото тело, што е голема количина податоци до кои не може да дојде само еден научник или група научници.

Сподели!
- Advertisement -