Робот прошета по модната писта на Лондонската недела на модата

- Advertisement -

Големиот моден настан Лондонска недела на модата (London Fashion Week) по прв пат на пистата донесе робот кој носеше креација на модната дизајнерска куќа The House of Honee. Интересно е дека дизајнерите одлучија ревијата да ја збогатат со присуството на роботот кој го произведува компанијата OhmniRobotics за едукација и за грижа за стари и болни лица, пренесува Vidi.hr.

Од таа причина, манекенките немаа причина за љубомора, бидејќи роботот кој има таблет наместо глава тешко може да се наречен манекен, како што можете да видите и од видеото во прилог. Сигурно би било многу поинтересно по пистата да прошета некој хуманоиден робот. Само се надеваме дека тенката „половина“ на роботот нема да им биде идеал на вистинските манекенки.

Сподели!
- Advertisement -