Електромобилност Македонија во соработка со Град Скопје како дел од „Европската недела на мобилност“ под мото „Комбинирај и движи се“ на 20 септември 2018 година (четврток) на кампусот технички факултети – Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – Скопје, со почеток од 10:00 часот организира „Електричен полигон #5“ и „Електричен конвој.“
Целта на „Електричниот полигон 5“ е преку едукативни брошури и презентација од страна на волонтерите од Електромобилност Македонија и дел од учесниците на настанот, да се запознаат и едуцираат учениците од средните и основни училишта за електричните и хибридни возила и нивното значење за општеството, заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на возухот. Почеток на е-полигон #5 во 10:00 часот.
Возилата на е-полигон ќе се придвижат како Е-конвој од кампусот технички факултети низ централното градско подрачје. Движење на е-конвој #1 кон Порта Македонија во 12:00 часот.
Ги повикуваме сите сопственици на електрични и хибридни возила од сите рангови, имено, е-тротинет, е-велосипед, е-картинг, е-цикли, е-мобил, е-автобус, други, да се вклучат во кампањата за видливост на електричните и хибридни возила во македонското општество, без оглед дали возилата се во сопственост на приватни физички субјекти или правни лица, јавни претпријатија, корпоративни возила, други.
Покрај Град Скопје, поддршка на настанот како и излагања со апарати и возила ќе имаат: ЕВН, Телеком, Toyota Авто Центар, Прокредит Банка, Фибернет М-К, ЈП Паркинзи, ЈСП, ФЕИТ, иноватори и ентузијасти поддржувачи за Е-мобилност Македонија.