Летна промоција на KIBSTrust и VISA: Плати со VISA и добиј 25% попуст на VerbaSign и SignPlus

- Advertisement -

Во тек е атрактивната летна промоција на KIBSTrust и VISA преку која корисниците добиваат одличен попуст при плаќање на квалификуваните сертификати за електронски потпис VerbaSign или за користење на порталот за потпишување и работа со електронски документи Sign Plus.

Сите што сакаат да ја искористат промоцијата, најдоцна до 30 септември треба да ја посетат веб-страницата www.kibstrust.com, да го нарачаат својот нов или да го обноват веќе постојниот квалификуван сертификат за електронски потпис VerbaSign, да платат со картичка VISA и на тој начин да го добијат сертификатот со одличен попуст од 25%. Оние, пак, што се заинтересирани за дигитализација на работните процеси во компанијата со користење на порталот за потпишување и работа со електронски документи Sign Plus (повеќе инфо на www.kibstrust.com/signplus), тоа може да го сторат со купување кредити на www.signplus.mk, каде што исто така добиваат 25% попуст доколку плаќањето го извршат со картичка VISA.

- Advertisement -

Инаку, во изминативе 15 години, KIBSTrust има издадено над 200 000 сертификати за електронски потпис како основа за безбедна размена на документи во современата комуникација. Квалификуваниот е-потпис е признаен со закон за своерачен потпис и обезбедува највисоко ниво на правна сигурност. Со VerbaSign, издавачот на квалификуван сертификат го проверува идентитетот на носителот на сертификат во процесот на издавање. Исто така, електронскиот потпис му гарантира на примачот на потпишаниот документ дека тој не е променет и обезбедува сигурност дека потписник на документ не може да негира автентичност на ставениот е-потпис на документот. Квалификуван сертификат за напреден или квалификуван електронски потпис може да му се издаде на физичко лице (за лично користење), како и на физичко лице поврзано со правно лице (за деловни потреби).

SignPlus, пак, e напредна платформа за електронско потпишување и работа со електронски документи што овозможува онлајн потпишување документи во PDF-формат, издавање и проверка на временски жиг – „Momentum“ и безбедна препорачана достава на документи – „MailTube“. Моќниот систем на управување со документи е наменет за брзо и ефикасно потпишување документи во PDF-формат во рамките на компанијата, помеѓу компанијата и нејзините клиенти, како и потпишување за сопствени потреби на физички лица.

- Advertisement -

Повеќе за услугите од доверба на KIBSTrust може да дознаете на www.kibstrust.com.

Сподели!
- Advertisement -