Tip of the Week – Рекламен материјал

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење

 

- Advertisement -

Како да направите промотивен (рекламен) постер кој ќе остави најголемо влијание кај публиката/читателот?!

Колку мислите дека различниот дизајн, текст или порака може да има поголемо или помало влијание кај примачот на информацијата?! Можеби повеќето ќе си кажете, големо, секако! Тоа е точно. Но, она што го гледам јас (гледајќи ги промотивните материјали на фирмите, како моја мала професионална деформација) можaм да кажам дека компаниите не посветуваат многу внимание на тоа што комуницираат на нивните промотивни материјали. Ова повеќе се однесува на малите (средни) компании кои самите ги дизајнираат и ги развиваат креативните концепти на нивните рекламни елементи.

- Advertisement -

Секоја компанија, од најмала до најголема, има потреба да ги промовира своите услуги и/или производи со цел публиката да дознае за нив и тие полесно да се продадат. Но, за жал, голем број од компаниите не успеваат да го извадат максимумот од пораката што сакаат да ја испратат. Најголемиот проблем јас го гледам во пренатрупаност со информации. Дали поради незнаење, дали со цел максимално искористување на парите или помал осет за естетика, на рекламниот материјал има сè. Сите информации што ги знаеме и имаме за производот/услугата се ставени на постерот, летокот или некој друг елемент.

Мора да знаеме дека, не секогаш „повеќе е подобро”. Во овој случај повеќе важи правилото „помалку е подобро”. Исто така, треба да се знае дека секој промотивен (комуникациски елемент) си има своја цел и намена. На постер може да напишете неколку важни информации, на леток можете да ставите и малку повеќе. Но, на рекламно пано (билборд), не треба да се ставаат многу елементи. Тоа треба да има најчиста порака. Возачите немаат многу време да читаат информации. За да постигнете најголем ефект, треба да ги комбинирате повеќето елементи, нормално преку соодветните канали.

- Advertisement -

Околу оваа тема може да се пишува на долго и на широко, но овде ќе се задржам на споделување на некои совети за најважните делови за развој на еден рекламен материјал – постер. Се со цел да постигнете најголем ефект од пораката што сакате да ја испратите:

  1. Цел на промотивниот материјал: што сакате да постигнете? Која е најважната информација што сакате да ја испратите? Не може да напишете сè. Идејата е да се искомуницира најважната порака. Целиот дизајн, текст, порака, мора да биде во релација на главната цел. И, не гледајте дали вам ви се допаѓа или на директорот. Најважно е да му се допаѓа на вашиот корисник (оној кому му ја испраќате пораката).
  2. Видливост: кога ќе го направите постерот, поставете го на страна и погледнете блиц на него. Што ви паѓа прво на видик? Дали е тоа она што сакате да го искомуницирате од прва рака? Ако не е, менувајте нешто! Првото она што ќе го види гледачот е најважно за тоа дали тој/таа ќе се задржи да го види и останатото. Тоа ви е јадицата.
  3. (KISS Keep It Short & Simple) – постерот секогаш треба да биде краток и јасен. Не смее да има премногу елементи, бои, текст. Гледајте секогаш каде може да скратите, споите или да замените.
  4. Најважни елементи:
    1. Слоган: што промовирате, продавате, нудите, барате? Треба да биде впечатливо и читко.
    2. Слика (фотографија, илустрација): поврзана со концептот на кампањата, пораката, стратегијата.
    3. Текст: не треба да е долг. Неколку реченици, булети, точки. Овде треба да се наведат сите најважни бенефити на вашиот производ/услуга т.е. каде сте различни од другите. Зошто да ве купам? Овој дел е одлучувачки.
    4. Производ: слика од производот.
    5. Потпис: лого, опис, слоган на вашата комапнија.

Нормално, во зависност од околностите, публиката, можностите итн., има и други елементи што може да се додадат, да се намалат или зголемат.

  1. Дополнителни елементи:
    1. Фонт: треба да биде во релација со концептот и да нема премногу различни фонтови.
    2. Бои: да се пази на разновидноста на боите и нивната складност.
    3. Описен текст: ако имате потреба од повеќе текст, технички, да се стави, може да се искористи долниот дел и да се одвои од главниот дизајн, со лента.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров, Член на тимот

 

Сподели!
- Advertisement -