Ќе се создаде најголемата авиокомпанија во светот – Emirates сака да го преземе Etihad?!

- Advertisement -

Авиокомпанијата Emirates сака да го преземе непрофитабилниот Etihad, објави денеска Bloomberg. Повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата, Bloomberg пишува дека Emirates размислува за преземање на непрофитабилниот сосед со цел да се создаде најголемиот светски авиопревозник на патници.

Кој било договор за тоа, за што разговорите се во прелиминарна фаза, би значел благослов на двата најбогати шеици во Обединетите Арапски Емирати. Emirates е целосно во сопственост на државата Дубаи, додека Etihad е вториот најголем авиопревозник во ОАЕ, а воедно и сопственик на Air Serbiа.

- Advertisement -

И двете авиокомпании одбиваат да ги коментираат наводите. Доколку навистина се зклучи оваа зделка, новосоздадената авиокомпанија ќе биде поголема од сега најголемата American Airlines Group Inc., која вреди 19,2 милијарди долари.

Двата авиопревозници се лути ривали и постојано се натпреваруваат да ги привлечат истите патници кои патуваат на долги релации меѓу Азија и Западот.
Сподели!
- Advertisement -