Како електронски да се регистрирате во системот е-Даноци на УЈП?

- Advertisement -

Обврска за електронска регистрација има секое физичко лице остварило приходи по било кој основ: плата, регрес за годишен одмор, приходи од добивки од игри на среќа, странство и други приходи кои подлежат на одданочување со персоналниот данок на доход). Регистрацијата за годишите даночни пријави ќе се направи само еднаш годинава, а од наредна година Управата сама ќе ги изготвува пријавите и ќе комуницира со граѓаните преку нивните профили. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персонализираниот данок на доход, предвидено е УЈП од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета ГДП за сите граѓани-физички лица кои ќе остварат приход во текот на годинава. Пополнетата пријава, Управата ќе ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април преку системот e-pdd.ujp.gov.mk.

Граѓаните кои се веќе регистрирани на системот е-Даноци не треба да се регистрираат на системот е-Персонален данок. Сите останати треба навремено да ја извршат оваа обврска, односно да се регистрираат најдоцна до 31 декември.

- Advertisement -

Се што ви е потребно за регистрација е да имате валдина електронска пошта која ќе ја користите за комуникацијата со УЈП. На најавната страна на системот има дел за регистрација на нов корисник каде ќе треба да ги внесете вашите лични податоци: име , презиме, ЕМБГ, е-маил и лозинка. Со првата регистрација може да пријавите и свој полномошник кој може да биде само лице кое е веќе регистриран корисник на системот. Вашето барање за регистрација ќе треба да го испечатите и да го поднесете во даночната канцеларија на УЈП, како и да дојдете лично и да приложите документ за идентификација.

До сега на системот се регистрирани 13 илјади граѓани, а се очекува до крајот на годинава да се регистрираат над 400 илјади граѓани.

- Advertisement -

На Листата на должници објавени се 2178 должници-правни лица и 2082 физички лица. За да проверите дали и вие се наоѓате на оваа листа посетете го овој линк.

Сподели!
- Advertisement -